Линкови за пристапност

Ставовите на американскиот потпретседател Дик Чејни за уништувањето на тероризмот - 2003-05-19


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:

Во терористичките напади во Ријад, Саудиска Арабија загинаа 34 лица, меѓу кои државјани на Филипините, Либан, Јордан, Швајцарија и САД. Како што кажа потпретседателот Дик Чејни, нападот јасно покажал дека тероризмот претставува закана за целиот свет:

„Тоа е светски проблем, глобален проблем чија примарна цел му е Западот. Но, овие терористи на Ал Каида исто така убија и голем број муслимани. И доколку ги погледнете жртвите на Блискиот исток, во бомбашките напади на американските амбасади во Кенија и Танзанија во 1998 година, како и убивањето на невините луѓе таму, имаше околу 12 Американци и неколку стотици локални граѓани. Значи, ова е конфликт со кој треба да се справиме на светско ниво",истакна американскиот потпретседател.

Г-динот Чејни рече дека нападите во Саудиска Арабија ќе ја поттикнат определбата на владите ширум светот за соработка во глобалната војна против тероризмот:

"Друго нешто што треба да се нагласи е да се признае фактот дека единствениот начин за справување со оваа закана до крај е таа да се уништи. Не постои договор со кој овој проблем може да се реши. Не постои мировен договор, нема политика на одвраќање или избегнување, што би функционирала во справување со оваа закана. Ние треба да ги најдеме терористите", рече г-динот Чејни.

„Ние ќе се справиме со терористите“, порача, потпретседателот Чејни.

"Ние правиме се што е во наша моќ, и овде и ширум светот да не бидеме лесна мета. Но во конечните анализи, единствениот сигурен начин за создавање на безбедност и стабилност и заштите на нашиот народ и нашите пријатели и сојузници е да ги уништиме терористите пред тие да изведат повеќе напади“,додаде тој.

Како што кажа претседателот Џорџ В. Буш, „овие подмолни акти беа извршени од убијци кои единствено веруваат во омразата. САД ќе ги најдат убијците и ќе ги научат што значи американската правда".

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG