Линкови за пристапност

Буш: Нема да успеат обидите за попречување на мирот на Блискиот исток - 2003-05-19


Претседателот Буш вели дека оние кои се определуваат за насилство со намера да го оневозможат мирот, нема да успеат.

„Ние се уште сме на патот на мирот. Само што тој пат нема да биде рамен“, рече г-динот Буш.

Зборувајќи на прес-конференцијата со филипинскиот претседател Глорија Аројо, господинот Буш додаде дека сите страни во израелско-палестинскиот судир мора да работат заедно за да му се спротивстават на теророт.

„Јас ќе го придвижам процесот нанапред. Но јасно е дека тој процес нема да оди мазно, се додека терористите вршат убиства“, додаде тој.

Забелешките дојдоа кусо време по експлозијата на бомба во северен Израел, во која загинаа најмалку четири лица. Ова е петти бомбашки напад за последниве три дена.

XS
SM
MD
LG