Линкови за пристапност

Утре во Виена, состанок на ОБСЕ против шверц со дрога - 2003-05-19


Организацијата за безбедност и соработка во европа треба да почне да работи со Авганистан во борбата против шверцувањето на дрога. Новите партнери утре ќе почнат со тридневна средба во Прага, токму за таа цел.

Најголемата регионална безбедносна организација, ОБСЕ, смета дека незаконското тргување со дрога, луѓе и оружје е примарна причина за човечката беда, за уништување на националните економии и зголемувањето на криминалните мрежи. Организацијата вели дека тоа има и долготраен ефект на безбедноста и политичката стабилност.

Минатиот месец Авганистан, кој се граничи со три земји на ОБСЕ (Таџикистан, Узбекистан и Туркменистан) и е главниот светски производител на хероински шишарки, стана нов партнер за соработка со оваа организација.

Ова е заменик координаторот за економски и активности во врска со заштитата на човековата околина, Марк Балтс.

„Најголем дел од дрогата која произлегува од афион, барем во светот на ОБСЕ, доаѓа од Авганистан преку Централна Азија и Кавказ до Европа и САД . Тоа е нешто во кое сакаме да навлеземе, како да ги зајакнеме владините структури, зашто ако работиме со земјите-производители ќе ги олесниме проблемите во западните општества, каде дрогата се употребува“, вели г-динот Балтс.

Начинот на кој ОБСЕ сака тоа да го постигне е преку своите мисии на теренот кои ќе работат на изградба на граѓанско општество и уништување на корените на таквата трговија.

XS
SM
MD
LG