Линкови за пристапност

Американскиот Сенат усвои редуцирана верзија на пакетот мерки за намалување на даноците - 2003-05-16


Мерките за намалување на даноците кои имаат за цел да ја стимулираат забавената американска економија се приоритет за претседателот Буш. Но висината на пакетот што го усвои Сенатот од 350 милијарди долари за 10 години, е многу помалку од она што го бараше господинот Буш.

Претставничкиот дом минатата недела усвои мерки за намалување на даноците од 550 милијарди долари.

Републиканците, меѓу кои и сенаторот Чарлс Грасли од Ајова, претседавач на Комисијата за финансии, смета дека планот за намалување на даноците ќе помогне за брз старт на економијата.

„Веруваме дека доколку има пари во џебовите на 110 милиони даночни обврзници, кои тие ќе ги потрошат или ќе ги инвестираат, тоа ќе биде подобро за економијата, парите ќе се свртат повеќе пати. Тоа ќе одговара на динамиката на слободен пазар на нашата економија„, истакна сенаторот Грасли.

Но Демократите велат дека овие мерки ќе предизвикаат зголемување на федералниот дефицит и дека од нив корист ќе имаат само богатите.

Ова е сенаторот Дик Дарбин од Илиноис:

„Сенаторот Грасли и Републиканците на планот за даноците на Буш гледаат како на начин да и се помогне на елитата. Ние на демократската страна сметаме дека е многу поважно да се осигура оти она што го правиме е фер и урамнотежено, особено што се однесува до работничките семејства низ земјата кои се борат за да преживеат“.

Господинот Буш првично побара намалување на даноците во висина од 726 милијарди долари во неговото годишно обраќање до нацијата во јануари. Опозицијата од Демократите и некои умерени Републиканци го принуди Конгресот да ја намали вредноста на овој пакет.

XS
SM
MD
LG