Линкови за пристапност

Сирија спонзорира тероризам - 2003-05-15


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада

Терористите откриваат дека им е се потешко да најдат свои држави-спонзори. Американскиот државен секретар Колин Пауел објаснува зошто е тоа така:

„Државите кои спонзорираат тероризам се под меѓународен притисок и паѓаат во се поголема изолација“, рече тој.

Авганистан повеќе не е прибежиште за Ал-Каида и останатите терористички групи. Симнувањето на режимот на Садам Хусеин пак, го елиминираше Ирак како држава-спонзор на тероризам. Но, остануваат уште неколку држави-спонозори. Меѓу нив е Сирија, вели Кофер Блек, координаторот за контра-тероризам во Стејт Департментот: „Ја назначуваме Сирија како држава-спонзор на тероризмот и покрај извесната соработка што ја покажа во однос на Ал-Каида... Сирија дава поддршка на Палестинскиот исламски џихад и на Хамас, тврдејќи дек тие имаат само политички канцеларии во Дамаск. Го отфрламе ваквото тврдење. Сирија одобрува летови преку своја територија, со што Хамас се снабдува. Сирија исто така го одби американското барање да ја затвори канцеларијата на Палестински исламски џихад во Дамаск“, истакнува г-динот Блек.

Сириската влада веќе долго време го промовира извртеното гледиште дека палестинските и либански терористи кои вршат бомбашки и други напади врз израелските граѓани, меѓу кои има и жени и деца, не се терористи.

Сирискиот претседател Башар Асад кажа дека ќе ги затвори канцелариите на терористичките групи и дека ќе ги запре нивните активности. Но, државниот секретар Колин Пауел јасно предочи дека, цитираме: „Не се работи за тоа што тој ми кажа или што признава – туку што ќе стори. Постапките се она што ќе го набљудуваме во иднина. И тој го знае тоа“.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG