Линкови за пристапност

Нова стратегија за политичка битка во Конгресот во Тексас: Демократите пребегаа во соседната држава Оклахома - 2003-05-15


Во понеделникот, законодавниот дом на државата Тексас, каде што мнозинство се републиканците се подготвуваше да заседава, кога ненадејно стана очигледно дека нема ниту еден од демократите во претставничкиот дом на Тексас.

Републиканците веднаш наредија државната полиција и и легендарните тексашки ренџери да тргнат во потрага по нив. Но демократите беа еден чекор пред законот. Тие пребегале во соседната држава Оклахома и се сместиле во хотел.

Демократите го напуштија Тексас со цел да го блокираат обидот на републиканциите од оваа држава да ги прекројат конгресните области во државата. Со овој план всушност би се смениле неколку области и веројатно со тоа републиканците на следните избори би можеле да добијат уште најмалку четири места во конгресот, на сметка на демократите.

Бидејќи демократите немаат доволно гласови во државниот законодавен дом за да го блокираат планот, тие решиле да ги спречат републиканците, на тој начин што нема да обезбедат кворум потребен за негово изгласување. Според правилата, за некој закон да може да биде одобрен, потребно е на дебата да присуствуваат 100 од вкупно 150 членови на претставничкиот дом.

Еден од над 50-темина демократи во претставничкиот дом на Тексас кои пребегаа во Оклахома е Џим Данам:

„Би сакал да им се заблагодарм на нашите семејства, на нашите пријатели и на нашите поддржувачи. Ни недостасувате. Ние сме добро“, порача тој.

Републиканците, како овој конгресен претставник на Тексас од оваа партија, ги обвини демократите за нешто што е незамисливо во Тексас- бегање од политичка битка:

„Ние сега сме сведоци на тиранија што ја спроведува малцинството“.

Демократите сега можеби успеваат да го блокираат планот за прекројување на државната карта, но републиканците велат дека не се откажуваат од тоа.

Републиканците во јануари ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом на Тексас, и тоа првпат во изминатите 130 години. Во текот на изминатите 40 години, Тексас, што едно време се сметаше за бастион на поддржувачите на Демократската партија, прерасна во средина со растечка поддршка за републиканците.

XS
SM
MD
LG