Линкови за пристапност

Како олеснувањата при купувањето нови автомобили во САД влијаат врз продажбата на возилата? - 2003-05-15


Во медиумски извештаи за попустите се зборуваше како за причина за загриженост, бидејќи со тоа се намалува профитот на производителите, а понатаму и нивната долгорочна способност за производство на нови модели.

Но, што прават купувачите на автомобили со парите што ќе ги заштедат со попустите? Ги чуваат под душек? Инвестираат во иднината? Не, вели Џорџ Пипас, главен аналитичар за продажба на компанијата Форд Мотор.

„Наместо да ја чуваат заштедата, купувачите на нови автомобили и камиони, се одлучуваат да реинвестираат дел од она што го заштедуваат во повеќе опрема, а во некои случаи и во поскапи автомобили и камиони“, додава тој.

Резултатот од ова дополнително опремување се покажа во податоците собрани во маркетинг истражувањето на CNW од Бандон во Орегон, чиј претседател е Арт Спинела.

„Цените на трансакциите пораснаа на највисоко ниво досега. Во моментов просечната цена на возилата што се продаваат во САД е 28 илјади долари“,вели г-динот Спинела.

Тој посочува дека цената на трансакциите се зголемила од 21.000 долари на 28.000 за само шест месеци… А поголем дел од ова зголемување може да се припише на попустите.

Овој скок и причината за тоа можеби за некого е изненадување, но не и за производителите, вели Џорџ Пипас од Форд .

„Долго време, трошоците за нови автомобили претставуваа околу четири проценти од бруто домашниот производ. Оттука, забележителна е постојаноста на тој процент дури и кога им се дава шанса да заштедат на овој трошок, бидејќи едноставно ги префрлаат парите на друга инвестиција што типично би ги потрошиле на автомобил, на производ со повеќе карактеристики, или во поскап производ“, потенцира г-динот Пипас.

Ова додавање на опрема предизвика скок во продажбата на луксузни или речиси луксузни марки. Весникот за автомобили Automotive News објави дека дека тие пресметале оти продажбата на нови автомобили во САД, во првите четири месеци од 2003, се зголемила на 9,2 проценти, од 8,7 проценти во истиот период минатата година. И повторно Арт Спинела.

„Иако тоа не беше првичната намера, без сомневање тоа го прават луѓето со парите што ги добиваат при купувањето на новите автомобили“, истакнува тој.

Во врска со иднината на финансиските олеснувања за потрошувачите, Џорџ Пипас од Форд вели дека тие ќе постојат уште некое време.

„Се уште во светот има околу 20 милиони од овој производ во резерви. Се додека овие резереви не се рационализираат, и додека побарувачката не се урамнотежи со залихата, мислам дека поторшувачите и натаму ќе бидат во добивка при купување на возила што се раскошни и по пристапни цени“, смета г-динот Пипас.

Во извештајот се вели дека финансиските зделки и враќање пари во готово, во април постигнале рекордни суми, а при тоа водат Џенерал Моторс и Форд.

XS
SM
MD
LG