Линкови за пристапност

Независната комисија за истрага на несреќата на Колумбија ја критикува НАСА - 2003-05-15


Раководителот на истрагата за несреќата на вселенското летало Колумбија ја критикуваше Американската вселенска агенција НАСА дека ја потценила опасноста што ја претставувало оштетувањето на левото крило додека леталото било на својата последна мисија што заврши со распаѓање на спејс-шатлот при враќањето на Земјата, кога загинаа сите членови на екипажот. Истражната комисија и членовите на Конкресот бараат промени во бирократијата што раководи со програмата на спејс-шатл леталата.

Пензионираниот адмирал Харолд Гејман кој раководи со независната истрага за Колумбија, на сведочење пред сенатска комисија кажа дека безбедносните процедури на НАСА потфрлиле кога менаџерите на шаталот за прв пат дознале дека левото крило на Колумбија можеби било оштетено при полетувањето.

Истрагата се бави со можноста деловите на цврстата изолациона обвивка што отцепиле од надворешниот резервоар за гориво при лансирањето да го напукнале крилото на Колумбија, што пак причинило спеј-шатлот да се распадне при влегувањето во земјината орбита.

Адмиралот Гејман вели дека раководните лица на мисијата на Колумбија ги занемариле очигледните знаци дека нешто не е во ред кога ги одбиле барањата на инженерите на НАСА да се направат сателитски снимки на шатлот што би можеле да помогнат да се види дали обвивката го оштетила крилото. НАСА претходно имала склучено договор со владината агенција што прави вакви сателитски фотографии, истите да ги обезбеди секогаш кога НАСА ќе побара, но во случајот одговорните лица во НАСА решиле да не го сторат тоа.

„Системот не функционирал, и јас за тоа не би обвинил едно лице. Малку сме разочарани што некои од искусните луѓе сепак знаеле и сфаќале како може да се обезбедат тие слики и што можеле тие слики да помогнат, но не го сториле тоа“, вели господинот Гејман.

Адмиралот Гејман, вината за овој пропуст да се одговори на загриженоста на инженерите ја префрла на тоа дека инжинерите немаат независност во донесувањето одлуки од раководителите на летот.

Управникот на НАСА, Шон О`Kиф на истото сведочење во Сенатот кажа дека необезбедувањето на сателитските фотографии посекако предзвикува огорченост, но исто така додаде дека во тој момент раководителите на летот не сметале дека ударот од изолационата обвивка би бил ризик по безбедноста на Колумбија.

„Тоа е прашање на проценка на ситуацијата. И очигледно, направената проценка била лоша. Сега знаеме дека имало повеќе знаци што би можеле да ни укажат што се случува и што би можеле да исправиме“, рече господинот О`Киф.

Раководителите на летот по несреќата оценија дека не можело ништо да се стори Колумбија да се поправи, дури и доколку сателитските слики го откриеле оштетувањето на крилото. Но, адмиралот Гејман на сенаторите им рече дека ја отфрла таа забелешка. Тој вели дека неговата истражна комисија ги ислушала инженерите и поранешните астронаути кои сугерирале поинакво маневрирање на Колумбија при влезот во орбитата, вселенски прошетки на астронаутите со цел да ја поправат штетата, па дури и помош од друг шатл. Адмиралот нагласува дека неговата комисија и НАСА започнале заедничка истрага за можните мерки што можеле да бидат преземени за поправка на Колумбија.

„Дури и да ја поправевме Колумбија со тоа што би имача 10-проценти шанса за успешно враќање, барем ќе направевме нешто. Досега, истрагата не најде некое магично решение, но откри неколку мерки што можеле да бидат преземени за да се влијае на исходот. Ќе треба да најдеме повеќе“, рече тој.

Адмиралот Гејман вели дека голем дел од извештајот за несреќата на Колумбија ќе содржи препораки за надминување на проблемите во раководењето со НАСА во целина.

Сенаторот Олимпија Сноу вели дека НАСА мора да го промени системот на командување со летовите на спејс-шатлите.

„Нема дилема дека целиот процес на донесување одлуки и бирократската структура треба значително да биде променета“, псоочи таа.

XS
SM
MD
LG