Линкови за пристапност

СЗО: Милиони луѓе во светот умираат од болести што можат да се спречат - 2003-05-15


Во својот најнов извештај Светската здравствена организација (СЗО) вели дека годишно, во светот умираат милиони лица главно од превентивни болести како што се срцевите заболувања или рак на белите дробови. Во извештајот се презентирани податоци од 170 земји за факторите на ризик што луѓето би можеле да ги контролираат за да ги избегнат овие заболувања.

Според проценките на Светската здравствена организација, годишно умираат 17 милиони луѓе од срцеви заболувања и срцев удар. Статистиката вели дека еден на секои три смртни случаи во светот е во врска со срцевите заболувања. Според податоците на СЗО, 80 проценти од смртните слуачи поради срцеви заболувања се во земјите со ниски или просечни приходи по глава на жител.

Извршниот директор на Светската федерација за срцеви болести, Џенет Воут, вели дека постои итна потреба за високо квалитетни и специфични податоци за факторите на ризик, како што се цигарите и прекумерната телесна тежина.

„Тие податоци може да предвидат како се развива болеста. Со тие податоци, владите, со помош на Светската здравствена организација и невладините организации како Светската федерација за срцеви заболувања, можат да помогнат во спречувањето на болестите како срцевите заболувања или срцевиот удар. Нам ни се потребни овие податоци“, истакнува Џенет Воут.

Извештајот наведува податоци за осум важни фактори на ризик во 170 земји во светот. Во нив спаѓаат цигарите, недоволна физичка активност, прекумерна тежина и прекумерното конзимирање на алкохол.

Директорот одговорен за контрола на податоците при СЗО, Рита Бонита вели дека владее погрешна претстава оти факторите што предизвикуваат срцеви заболувања и срцев удар важат само за богатите земји.

„Ова апсолутно не е точно. Според нашите најдобри проценки и од податоците од минатогодишниот Светски здравствен извештај, сосема ни е јасно дека ризичните фактори како цигарите, високиот крвен притисок, високиот холестерол и прекумерната телесна тежина се мошне распространети, се уште растат и дека подеднакво се шират и предизвикуваат високо ниво на смртност и во земјите во развој, меѓу луѓето кои се уште се справуваат со инфективните заболувања“, изјави г-ѓа Бонита.

Здравствените работници оценуваат дека извештајот на СЗО е важен прв чекор во акцијата за контрола на порастот на превентивните заболувања. Тие сметаат дека извештајот претставува поттик за владите и меѓународните организации да отпочнат борба против болестите кои - можат да бидат спречени.

XS
SM
MD
LG