Линкови за пристапност

Откопани три илјади тела од масовна гробница во Ирак - 2003-05-14


Илјадници луѓе се насобраа кај масовната гробница во близина на селото Махавил јужно од Багдад, во очајничка потрага по исчезнати роднини.

Истражителот Питер Букарт од организацијата Хјуман Рајтс Воч вели дека тешката механизација шти се употребува во ископувањето уништува драгоцен доказен материјал.

“Некои од телата во оваа гробница имаат паричници, па дури и пасоши и други документи за идентификација. Веројатно десетина од луѓето, а може и помалку, се идентификувани на овој начин. За жал, најголемиот број од закопаните никогаш нема да може да биде идентификуван заради начинот на кој се ископува“, вели Букарт.

Хуманитарните работници велат дека се пронајдени остатоци на над 2.500 лица, а се проценува дека на локацијата се закопани околу 14.000 – сите жртви на пресметката на Садам Хусеин со неистомислениците во 1991-ва година.

XS
SM
MD
LG