Линкови за пристапност

Буш - Експлозии во Саудиска Арабија - 2003-05-13


Претседателот додаде дека САД ќе помогнат во откривањето на одговорните за вчерашните самоубиствени напади во Саудиска Арабија при што се убиени најмалку 29 лица, вклучувајќи седум Американци и деветмина бомбаши самоубијци.

Американскиот претседател вели дека нападите во главниот град на Саудиска Арабија се потсетување дека борбата против тероризмот продолжува. Тој вели дека одговорните за, како што рече, ладнокрвното убиство ќе бидат фатени:„Овие ужасни акти се сторени од убијци чија единствена вера е омразата, а САД ќе ги најдат и ќе им покажат што значи американската правда“, рече претседателот Буш.

Претседателот кажа дека Американците тагуваат по загубените животи во Саудиска Арабија и нивните мисли и молитви се со семејствата на жртвите.

Државниот секретар Колин Пауел се наоѓа во Саудиска Арабија. Тој вели дека се уште не знае кој е одговорен за нападите но дека сторителите го имаат знакот на терористите на ал-Каида.

Саудиска Арабија има голема заедница на работници од други земји, вклучувајќи и околу 30 илјади Американци. Порано месецов, Стејт Департмент ги предупреди Американците да не патуваат во Саудиска Арабија заради зголемена загриженост од тероризам.

XS
SM
MD
LG