Линкови за пристапност

Пауел: „Ќе биде комплицирано да се имплементира мапата кон мирот“ - 2003-05-12


Господинот Пауел за време на прес-конференцијата во Каиро, кажа дека Израел не го употребил зборот прифаќање, во врска со мапата кон мирот. Но, според него, тоа не ја менува ситуацијата, се додека обете страни не се согласни да го отпочнат процесот кон мир. Мапата кон мир повикува на создавање на палестинска држава до 2005-та година.

Зборувајќи во Каиро, по разговорите со египетскиот претседател Хосни Мубарак, господинот Пауел рече дека дојдено е времето да се искористи можноста да се изгради мир меѓу Израелците и Палестинците.

Истакнувајќи дека Израел има неколку забелешки околу предложениот мировен план, секретарот Пауел кажа дека сега не е време да се дискутира по прашањата како правото на враќање на палестинските бегалци или за статусот на Ерусалим. Тој кажа дека обете страни мора мошне брзо, да отпочнат разговори по безбедносни прашања, за борбата против тероризмот и помагање во подобрувањето на животот на Палестинците.

Господинот Пауел истакна дека иако мапата кон мир сама по себе нема комплицирана содржина, ќе биде комплицирано да се имплементира. Тој кажа дека претстои период на предизвици.

XS
SM
MD
LG