Линкови за пристапност

Најнови вести, 9 мај - 2003-05-09


ОН-поднесена предлог резолуција

САД, Британија и Шпанија денеска предложија нова резолуција на ОН за укинување на санкциите против Ирак воведени пред една деценија, со што на коалицијата и се овозможува да ја контролира трговија со ирачката нафта. Советот за безбедност на ОН денеска во Њујорк одржува расправа по редлог резолуцијата, со која ќе се потврди економската и политичката контрола на коалицијата над Ирак, како окупациона сила. Со предлог-резолуцијата се бара итно укинување на економските санкции на ОН воведени по ирачката инвазија врз Кувајт во 1990 година. Парите од продажбата на ирачката нафта ќе се слеваат во фонд со кој ќе управуваат САД и Британија и ќе биде искористен за реконструкција и за хуманитарни потреби на Ирак. Франција го отфрли предлогот истакнувајќи дека ОН треба да играат централна улога во обновата на Ирак.

САД-Ирак

Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд ги отфрла критиките дека напорите за обнова на Ирак се премногу бавни. На денешниот брифинг во Пентагон, г-динот Рамсфелд рече дека ситуацијата во Ирак секојдневно се подобрува. Шефот на американската Централна Команда, генералот Томи Френкс кажа дека децата се враќаат во училиштата и основните услуги како што е здравствената заштита се подобруваат, признавајќи дека ситуацијата се уште не како што треба. Г-динот Рамсфелд и генералот Френкс ги коментираа и медиумските извештаи дека обновата во Ирак се соочува со недоволно извори и со несоодветни подготовки, што предизвикува незадоволство кај Ирачаните.

Блиски Исток

Администрацијата на претседателот Буш смета дека предложениот договор за слободна трговија со Блискиот исток ќе помогне за постигнување мир и безбедност во регионот. Претставници на владата на Буш изјавија дека претседателот ова ќе го објави во денешниот говор во Јужна Каролина. Тие велат дека господинот Буш нема да каже кои земји од Блискиот Исток ќе бидат вклучени во зоната за слободна трговија. Но додаваат дека за договорите ќе се водат одделни преговори со секоја од земјите што се согласија да се борат против тероризмот и да спроведат реформи во владите.

Авганистан

Американскиот заменик државен секретар Ричард Армитаж се наоѓа во Кабул за да ги увери авганистанските лидери дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува нивната обнова и покрај тоа што се обидува да го обнови Ирак. Господинот Армитаж денеска се сретна со авганистанскиот престедател Хамид Карзаи. Нивните разговори се фокусираа на долгорочните заложби на претседателот за Авганистан. Господинот Армитаж кажа дека владата на господинот Карзаи поддржана од САД, не ги контролира сите провинции. Но тој рече дека за мнозинството, господинот Карзаи претставува одредено ниво на сигурност и дека, како што истакна, тоа е добра основа за напредок.

САРС

Според официјалните извештаи забавува ширењето на САРС во Пекинг и Хонгонг, но ситуацијата се влошува во Тајван. Во главниот град на Кина денеска се регистрирани два нови смртни случаи и 48 заразени, додека во Хонгонг починале две лица, а шестмина се заболени. Ова е најмал забележан пораст на заразени во Хонгонг од почетокот на епидемијата на САРС во почетокот на годинава. Но во Тајван се пријавени 18 нови случаи, што е највисока бројка досега. Ова се случува еден ден откако Светската здравствена организација објави предупредување да не се патува во главниот град на Тајван, Тајпеи. Претставникот за здравство во Пекинг, Лијанг Ваниан на новинарите денеска им изјави дека епидемијата покажува знаци на намалување во овој град.

Невреме

Жителите на централните делови на САД ги расчистуваат урнатините по уште една ноќ со големо невреме. Во федералната држава Оклахома, во градот Оклахома торнадото уништило 300 куќи, над илјада биле оштетени, а насекаде имало расфрлани автомобили и камиони. Властите соопштија дека биле повредени над 100 лица, од кои петмина спотешко. Во Канзас синоќа се појавиле седум торнада. Најмалку 42 лица загинаа откако се започнаа торнадата и невремето во неделата. Метеоролошките експерти на американската Влада велат дека денеска се очекува ново невреме во северно-централниот дел од земјата.

XS
SM
MD
LG