Линкови за пристапност

Дали Џорџ Буш ќе добие втор претседателски мандат? - 2003-05-09


Воената победа во Ирак придонесе за порастот на рејтингот на претседателот Буш на повеќе од 70 проценти, што обично е добар политички показател една година пред претседателските избори во САД.

Претседателот не заборавил што му се случи на татко му, првиот претседател Буш. По Заливската војна во 1991-та, резултатите на јавното мислење беа во негова корист, но за само за една година тој ја изгуби битката од демократот Бил Клинтон поради стагнацијата во домашната економија.

Иако актуелниот претседател вниманието го пренасочува кон подобрување на економијата, се очекува неговиот тим да вложи големи напори во потсетувањето на гласачите за тоа што се направил во областа на националната безбедност:

“Употребата на сила е, и останува нашиот последен избор. Но сите нека знаат, пријателите и непријателите, нашата нација има мисија. Ние ќе одговориме на заканите по нашата безбедност и ќе го одбраниме мирот, изјави претседателот Буш.

Имиџот на претседателот Буш кој неодамна говореше од палубата на американскиот носач на авиони Абрахам Линколн, нема да биде лесно да се разбие од Демократите кои ќе сакаат да му се спротивстават. Но, ниту еден од деветмината демократи-кандидати за претседател, не изгледаат дека ќе се повлечат без борба на полето на националната безбедност и надворешната политика.

Сенаторот Џозеф Либерман од федералната држава Конетикат е еден од повеќето конзервативни демократи меѓу 9-те кандидати, кој се придружи на неодамнешната дебата во Јужна Каролина.

“Нашата партија и американскиот народ треба да донесат важна одлука во наредната година, година ипол, како што ќе се приближуваме кон ноември 2004-та. И факт е дека тие нема да изберат никого кој испраќа порака различна од онаа за силна одбрана и домашна безбедност,“ смета Либерман.

Поранешниот гувернер на Вермонт, Хауард Дин е меѓу оние кои се осврнаа на поделеноста во Демократската партија по прашањето за Ирак.

“Мислам дека ова беше погрешна војна во погрешно време, бидејќи во земјава поставивме нова политика на превентивна војна“, кажа господинот Дин.

Алан Лихтман е претседателоски историчар од Американскиот Универзитет. Тој предвидува дека на демократите им претстои тешка битка.

“Во Втората светска војна, во 1944-та година, републиканците се надеваа дека ќе го победат Франклин Рузвелт преку некакво критикување на војната, зборувајќи за прашања околу ефикасноста на Владата. Тоа не успеа. Луѓето со огромно мнозинство го избраа нивниот Врховен командант“, вели господинот Лихтман.

Друг аналитичар, Стјуард Ротенберг, издавач на Политичкиот извештај Ротенберг, вели дека демократите во наредните месеци ќе вложат се за да ја фокусираат кампањата на забавената американска економија, стратегија што се докажа како успешна протв Буш постариот во 1992-та.

“Знаете, тие по претседатетелот ќе удрат тука и таму, по неговиот таканаречен неуспех во дипломатијата. Ќе го критикуваат доколку не успее да ги донесе ОН во Ирак на ефикасен начин. Но, мислам дека тие мислат оти претседателот е ранлив на прашањето за економијата и таму ќе го насочуваат поголемиот дел од критиките“, смета господинот Ротенберг.

Но, други експерти сметаат дека американската политика е променета по септемвриските терористички напади во 2001-та и националаната безбедност е сега поважна, ако не и уште поважна од економската безбедност.

До претседателските изборите има уште 18 месеци, но некои предизвици за г-динот Буш и неговите демократски противници, се јасни. Претседателот мора да биде виден како се труди да стори нешто за да ја стимулира економијата. Од друга страна, демократите мора да се претстават себе си како подготвени чувари на националаната безбедност.

XS
SM
MD
LG