Линкови за пристапност

Пауел во посета на Блискиот Исток - 2003-05-09


Во промовирањето на најновиот мировен план, г-динот Пауел се соочува со тешка задача во регионот. Мапата содржи тригодишен план чија цел е да кулминира во финален мировен договор и формирање на независна палестинска држава до 2005-та година. Но, самиот почеток претставува вистински предизвик.

Палестинците ја прифатија мапата кон мирот и се залагаат за нејзина итна имплементација. Израелците се уште се немат јасно изјаснето по неа. Владиниот портпарол, Залман Шовал вели дека премиерот Ариел Шарон ќе ја покрене израелската резервираност за планот при средбата со секретарот Пауел.

“Израел има одредени резерви. Проблемот не е во неприфаќање на мапата кон мирот. Во принцип ние ја прифаќаме. Имаме проблем со рокот. Има проблем и со правото на враќање,што ако се спроведе, всушност ќе значчи самоубиство за Израел“, смета Шовал.

Неделава, премиерот Шарон рече дека Палестинците мора да се откажат од правото палестинските бегалци од времето на создавањето на Израел во 1948-та година, да се вратат во Израел. Палестинците инсистираат дека мора да се преговара по ова прашање.

Г-динот Шарон кажа дека за својата загриженост сака да разговара со претседателот Буш лично, за време на посетата ва Вашингтон, веројатно кон крајот на наредниот месец.

Израелците велат дека ништо не може да се имплементира се додека Палестинците не го преземат првиот чекор, со запирање на нападите на палестинските милитанти врз Израел.

Новоименуваниот палестински министер за труд, Гашан Катиб има различни очекувања.

“Очекуваме да видиме резултат од американските напори да се убеди Израел да стави крај на политиката на употреба на сила за остварување на целите и да почне да преговара“, вели Катиб.

Г-динот Пауел пристигнува во Израел утре вечер. Тој се очекува да има работна вечера со израелскиот министер за надворешни работ, Силван Шалом. Со премиерот Шарон се среќава в недела пред да отпатува за Рамалах каде ќе се сретне со новиот палестински премиер Махмуд Абас и членовите на неговиот кабинет. Не се очекува средба на Г-динот Пауел со палестинскиот претседател Јасер Арафат, кого САД го критикуваа за недоволни напори за запирање на терористичките напори.

В понеделник, секретарот Пауел треба да пристигне во Каиро и Аман на разговори со египетските и јорданските лидери, пред да замине за Саудиска Арабија што ќе биде последната станица од неговото патување.

XS
SM
MD
LG