Линкови за пристапност

САД ги отфрлаат тврдењата на Иран дека нуклеарната програма е за мирнодопски цели - 2003-05-09


Официјални лица изразуваат зголемена загриженост во врска со иранската нуклеарна програма, додавајќи дека наспроти тврдењата на Техеран дека програмата е за мирнодопски цели, американските експерти не се сомневаат оти Иран работи на нуклеарно оружје.

Интензивните напори на Иран за производство на оружје се појавија во август минатата година. Иранската опозициона група објави сателитски фотографии од како што се беше кажано две локации поврзани со нуклеарно оружје во централен Иран, кои се во изградба, една за збогатување на ураниум и друга за производство на тнр. „тешка вода“, што е суштински елемент за производство на плутониум.

Под меѓународен притисок, Иран им дозволи на претставниците на Меѓународната агенција за атомска енергија, меѓу кои и генералниот директор Мохамед Ел Барадеи во февруари да ги посетат локациите. Во вчерашниот извештај објавен во Њујорк Тајмс се вели дека при посетата на локацијата за збогатување во Натанц е откриено присуство на над 100 центрифуги.

Весникот наведува дека посетата ги убедила американските и другите нуклеарни експерти дека локацијата Натанц очигледно е наменета за производство на оружје, така што Меѓународната агенција за атомска енергија може да биде убедена да преземе акција за тоа, за време на средбата на нејзиниот управен одбор на 16 јуни во Виена.

На брифингот во Стејт Департментот, портпаролот Ричард Баучер потврди дека САД бараат резолуцијата на Меѓународната агеција за атомска енергија против Иран, чекор што може да доведе до воведување санкции на ОН кон оваа земја. Тој рече дека намерите на Иран се јасни и покрај неговите тврдења дека осомничените локации се наменети за производство на енергија:

„Ние долго време јасно ја изразуваме нашата загриженост, сериозна загриженост во однос на активната потрага на Иран по нуклеарно оружје и по друго оружје за масовно уништување и системи за лансирање на ракети со долг дострел. Иран сега отворено признава дека работи на комплетен циклус на нуклеарно гориво. Ние целосно го отфрламе тврдењето на Иран дека ова го прави за мирнодопски цели“, рече тој. Господинот Баучер кажа дека нема економска оправданост земја богата со нафта како што е Иран да се определи за нуклеарна енергија. Тој кажа дека додека земјите со мирољубиви нуклеарни програми немаат што да кријат, Иран направил се што можел да ги сокрие своите активности, во исто време одбивајќи да го стави потписот на протоколите кои ја регулираат таквата активност. Тој рече дека американската загриженост во врска со Иран е поакутна заради врската на таа земја со тероризмот.

„Ние сме загрижени заради потенцијалното здобивање со нуклеарно оружје на земја за која се знае дека е поддржувач на тероризмот. Тоа е нешто за кое и претседателот зворуваше. Тоа е причината заради која се зборуваше за оски на злото. Ние сите сваќаме дека ова може да е една од најопасните комбинации на денешницата. САД со години вршеа притисок врз луѓето да престанат да соработуваат со Иран на нуклеарно поле, зашто знаевме дека тоа придонесува за ваков развој“, рече г-динот Баучер.

Нешто порано во Белата Куќа претседателот Буш на средбата со Емирот на Катар кажа дека САД изразиле загриженост за Иран јавно и приватно пред владите на многу држави, вклучувајќи го и рускиот претседател Владимир Путин на средбата минатиот ноември.

САД сметаа дека таквата соработка на Иран ќе му даде доволно елементи за изградба на сопствена програма за нуклеарно оружје. (Signed)

XS
SM
MD
LG