Линкови за пристапност

Најнови вести 8-ми мај - 2003-05-08


САД - НАТО

Американскиот Сенат даде едногласна поддршка на придружувањето кон НАТО на седумте земји од Источна Европа, кандидатки за членство во Алијансата.

Министрите за надворешни работи на Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија попладнево ќе имаат средба со претседателот Буш. Нивното приклучување кон НАТО, претставува второ проширување на Алијансата. Многумина сенатори сметаат дека проширувањето на НАТО ќе има позитивен ефект врз Алијансата, за која сметаат дека е ослабната поради внатрешните поделби околу војната во Ирак под американско раководство. Сите 19 земји членки на НАТО мора да го одобрат документот. САД се третата земја по Норвешка и Канада кои го одобрија придружувањето кон НАТО на овие седум земји.

САД - Санкции

САД лобираат за обезбедување поддршка од членките на Советот за безбедност за донесување резолуција за укинување на санкциите кон Ирак.

Државниот секретар Колин Пауел изјави дека несогласувањата во однос ан војанат во Ирак сега се минато и дека сега е време за соработка за намалување на товарот врз ирачкиот народ. САД се надеваат дека неделава пред Советот ќе презентираат резолуција за укинување на санкциите на ОН, со што ќе се отвори пат за продолжување на извозот на ирачка нафта. Висок претставник на Стејт Департментот денеска во Москва разговара со високи руски официјални лица во однос на прашањето за санкциите, по што денеска ќе отпатува во Германија.

Ирак

Американскиот правен советник во Ирак вели дека во земјата треба да бидат поставени специјални судови каде би се воделе постапки за Садам Хусеи и останатите членови на неговиот режим.

Клинт Вилиjамсон, американски советник во ирачкото Министерство за правда, вели оти постои широк консензус за тоа дека на лицата кои извршиле злосторства врз ирачкиот народ, треба да им се суди во рамки на ирачкиот правен систем. Господинот Вилиjамсон ова го изјави денеска во Багдад каде по завршувањето на војната се отворени два од судовите за воени злосторства, со која беше соборен Садам Хусеин од власт. Хусеин и неговите главни помошници и натаму се во бегство, и по еден месец од влегувањето на американските сили во центарот на Багдад.

САРС

Светската здравствена организација нагло го зголеми нивото на смртност од вирусот САРС, и сега тоа изнесува помеѓу 14 и 15 проценти.

Во најновиот извештај на здравствената агенција на ОН со седиште во Женева, се вели дека својата проценка ја базира од најновите податоци добиени од Канада, Кина, Хонг Конг, Сингапур и Виетнам. Ова уследи откако меѓунаротна група научници вчера објавија студија во која се наведува дека од болеста умираат 20 посто од пациентите во Хонг Конг.

Северна Кореја

Јужна Кореја нареди армијата да биде на високо ниво на будност, предупредувајќи на можни воени провокации од страна на Северна Кореја.

Јужнокорејскиот министер за одбрана, Чо Јанг Кил во денешното писмо испратено до военото раководство, вели дека постои се поголема можност Северна Кореја да изведе, цитираме, различни провокации, за да ја зголеми својата преговарачка моќ. Портпаролот на претседателот на Јужна Кореја потврди дека разузнавачките податоци покажуваат најнови активности на една од севернокорејските главни нуклеарни постојки, во текот на минатиот месец. Тој рече дека се уште не постојат докази оти Пјонгјанг почнал со репроцесирање на користени нуклерани прачки, што е важен чекор кон производство на нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG