Линкови за пристапност

САД ќе се заложат за укинување на санкциите спрема Ирак - 2003-05-08


Господинот Пауел кажа дека последните несогласувања околу војната во Ирак сега се минато. Тој рече дека е време за обединување и за симнување на товарот од ирачкиот народ со укинување на меѓународните санкции.

Официјални претставници велат дека САД веднаш ќе укинат некои од нивните санкции против Ирак, сега кога е соборен режимот на Садам Хусеин.

Државниот секретар ова го изјави само неколку часа откако беше објавено дека САД очекуваат оваа недела за ова прашање да достават резолуција до Советот за безбедност.

Иако САД, Британија и Шпанија имаа жестоки дебати со неколку членки во Северноатлантската организација, ЕУ и Советот за безбедност, господинот Пауел ја истакна важноста на меѓународните сојузи заради итните предизвици, вклучувајќи ја и обновата на Ирак.

„САД очекуваат дека ОН ќе имаат клучна улога. Ние, како демократии, како сите држави членки на Советот за безбедност, НАТО и ЕУ, имаме специјална улога да ја браниме слободата и да создадеме можности во Ирак, во Авганистан и во другите области во светот што претставуваат предизвик за меѓународната заедница“, истакна секретарот Пауел.

Тој ова го изјави на годишната вечера на непрофитната Асоцијација за надворешна политика во Њујорк. Господинот Пауел и шефот за надворешна политика на ЕУ, Хавиер Солана, беа почесни гости.

Американскиот државен секретар рече дека и покрај предвидувањата за негово исчезнување, НАТО се проширува, како и Европската Унија. Тој кажа оти НАТО треба да добие мировничка улога во Ирак.

„Сите членки на алијансата сега разговараат за евентуална мировничка мисија во Ирак. Кога ја гледам НАТО алијансата и кога го разгледувам нашиот однос со ЕУ, гледам две многу енергични институции, составени од динамични демократии, кои се зафаќаат со решавање на некои од најтешките проблеми во моментов“, подвлече Пауел.

Господинот Пауел вели дека додека светот се соочува со предизвиците на тероризмот, ширење на нуклеарното оружје и со заразни болести, меѓународните сојузи се поважни од кога било порано. Тој кажа дека ниту една земја не може сама да се справи со реалноста на светот по 11-ти септември.

XS
SM
MD
LG