Линкови за пристапност

Извештај за ситуацијата со меѓународниот тероризам - 2003-05-07


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада

Соборувањето на режимот на Садам Хусеин во Ирак е голема победа во борбата против тероризмот. Тоа беше дел од кампањата под американско раководство која започна кратко време по терористичките напади врз САД од 11-ти септември 2001-та година. Како што покажува најновиот извештај на Стејт департментот за Моделите на глобалниот тероризам, има нагло опаѓање на бројот на терористичките напади, од 350 во 2001-та година, на помалку од 200 во 2002-та.

Меѓу многуте победи: Авганисатан беше ослободен од екстремистичкиот талебански режим и неговите спонзори од Ал-Каида. Како што кажа американскиот државен секретар Колин Пауел, на Ал-Каида и на нејзините терористички сојузници, нанесена и е огромна штета.

„Илјадници терористи се уапсени и приведени. Животот на оние кои се уште се во бегство, дефинитивно им стана потежок. Потешко е терористистите да се сокријат и да најдат засолниште. Потешко е да се организираат и да ги поднесат операциите. Терористичките ќелии и мрежи се разбиени, а заговорите прекинати“, рече г-динот Пауел.

Како што кажа американскиот државен секретар Колин Пауел, кога станува збор за тероризмот, светот не може да дозволи да го намали обезбедувањето.

„Дури и додека зборувам, терористите планираат ужасни криминални дела и се обидуваат да досегнат до оружјето з амасовно уништување. Не можеме и нема да ја намалиме нашата решеност, нашите напори и нашата будност. Меѓународната кампања против тероризмот мора да напредува на секој фронт – дипломатски, разузнавачки, при спроведување на законот, финансиски и воен“, посочи тој.

Како што кажа претседателот Буш: Ќе ја обавуваме војната против тероризмот со трпение и определба. Со помош на пошироката коалиција, ќе обезбедиме дека терористите и нивните поддржувачи не се на безбедно во ниту една пештера и ниту во еден агол на светот.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG