Линкови за пристапност

Следната недела можна средба Шарон-Абас - 2003-05-07


Израелскиот премиер Ариел Шарон најави дека наскоро ќе се сретне со неговиот нов палестински колега, Махмуд Абас, но тој постави услов за спроведување на најновиот меѓународен мировен план.

Во интервју за Израелското радио, премиерот Ариел Шарон кажа дека во тек се контактите за организирање средба со палестинскиот премиер Махмуд Абас. Според израелски извори, до средба би можело да дојде уште идната недела.

Господинот Шарон рече дека на средбата со новиот палестински премиер ќе се фокусира на безбедноста, односно како Палестинците да ги запрат нападите врз Израел и анти-израелските провокации.

Но, во интервјуто изралескиот премиер постави услов за почеток на имплементацијата на таканаречената „мапа кон мирот“ - мировниот план што го предложија САД, ЕУ, ОН и Русија. Тој кажа дека Израел не може да тргне напред во процесот и да прифати независна палестинска држава, доколку Палестинците не се откажат од барањето за право на враќање на палестинските бегалци.

Околу 700 илјади Палестинции избегаа или беа протерани кога ираелската држава беше формирана во 1948 година. Бројот на бегалци и нивните наследници сега изнесува речиси четири милиони. Господнот Шарон смета дека ако им биде дозволено да се вратат во нивните домови во внатрешноста на Израел, тоа ќе почеток на уништувањето на Израел.

Премиерот Абас изјави дека со нетрпение очекува да се сретне со господинот Шарон, но подвлече дека не може да се откаже од правото на враќање на бегалците. Ова право е основа на палестинската политика и е повеќедецениско барање за кое Палестинците велат дека најмалку треба да се преговара.

Мапата на мирот повикува на серија потези од двете страни за запирање на насилството, за намалување на израелските ограничувања врз палестинските територии и за покренување на преговорите кои би кулминирале со конечен мировен договор и со формирање на независна палестинска држава до 2005 година.

Палестинците ја прифаќаат мапата кон мирот и побараа таа веднаш да се имплементира. Израел изрази резерви, и сака да бидат внесени измени пред предлозите да бидат имплементирани.

Господинот Шарон испрати свој претставник во Вашингтон, да изврши притисок во врска со изрелските барања. Се очекува тој за ова да разговара со државниот секретар Колин Пауел кон крајот на оваа недела, и на средбата со претседателот Буш што веројатно ќе се одржи во Вашингтон кон крајот на овој месец.

Противењето на господинот Шарон на право на враќање на палестинските бегалци и многу други разлики меѓу двете страни фрлаат сенка врз шансите за реализација на мапата кон мирот. Палестинците го обвинуваат господинот Шарон дека се обидува да го саботира мировниот план и ги повикуваат САД да извршат притисок врз Израел.

Тие исто така се разочарани од американските дипломатски напори за промовирање на мапата кон мирот. Пред неколку дена, пратеникот за Блискиот Исток, Вилијам Брнс, разговараше со двете страни. Тој му порача на господинот Абас дека САД посветени на планот, но палестинските власти тврдат дека тој јасно ставил на знаење дека Вашингтон нема намера да врши притисок врз Израел.

XS
SM
MD
LG