Линкови за пристапност

Во евро-зоната забележана најголема стапка на невработеност досега - 2003-05-06


Стапката на невработеност во 12-те држави кои како валута го употребуваат еврото е највисока последниве три години. Овие податоци ги објави агенцијата за статистика на ЕУ.

Невработеноста во еврозоната пораснала на осум запирка седум проценти во март, од осум запирка шест, колку што изнесувала претходниот месец. Тоа значи дека без работа сега се дванаесет запирка два милиони луѓе. Ова, според Евростат, е најголема стапка на невработеност во евро-зоната.

Меѓународната неизвесност, падот на глобалните пазари на акции и слабата глобална економија се најголемите фактори, вели Ферди Адам, економист од владината статистичка агенција на Луксембург.

„Европската економија е погодена од општо економско забавување кое започна во 2000 и 2001. Имаше незначително зголемување на активноста во 2002, но не беше доволно да се запре порастот на невработеноста“, вели тој.

Според господинот Адам, додека стапката на невработеност е висока, зголемувањето се случило постепено.

Аналитичарите велат дека големата невработеност во еврозоната ќе значи послаба економија и помала побарувачка на увезени стоки од земјите во развој. До сега побарувачката беше прилично висока заради силното евро, но тоа може да се промени ако потрае високата невработеност. Тие велат дека европската побарувачка за сирови материјали од земјите во развој веќе е намалена.

Во меѓувреме, натамошното зголемување на стапката на невработеност во евро-зоната може да доаѓа од компаниите. Податоците што ги објави Европската комисија велат дека фирмите во евро-зоната биле попесимистични за економската ситуација и во април и пријавиле намалување на очекувањата за нови вработувања.

Меѓутоа, силното евро, кое достигнало најголем износ во однос на доларот последниве четири години, се очекува да ги намали цените пресметани во евра на суровини како што е нафтата.

XS
SM
MD
LG