Линкови за пристапност

Главните воени операции во Ирак завршија - 2003-05-06


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:

Главните борбени операции во Ирак завршија. Сега, кажа претседателот Џорџ Буш, коалицијата предводена од САД “е ангажирана во обезбедување и во реконструкција на оваа земја“:

„Гледајќи го уривањето на статуи, ние станавме сведоци на пристигањето на новата ера… Во приказите на славењето на Ирачаните, ја видовме вечната желба за човечка слобода. Децениите исполнети со лаги и заплашувања не може да го натераат ирачкиот народ да ги сака своите тирани или да посакува да биде потчинет… Насекаде каде што пристигнува слободата, човештвото се радува и насекаде каде што слободата се буди, нека стравуваат тираните“, рече американскиот претседател.

Во деловите на Ирак каде што се уште е опасно, во моментов се воведува ред. Лидерите на режимот на Садам Хусеин се гонат и ќе се сметаат за одговорни за нивните злосторства. Господинот Буш кажа дека коалицијата “ќе застане зад новите лидери на Ирак кога тие ќе формираат влада од и за ирачкиот народ:

“Транзицијата од диктаторство во демократија ќе трае, но вреди да се вложи напор. Нашата коалиција ќе остане се додека тоа не заврши. Потоа ќе заминеме и зад себе ќе го оставиме Ирак слободен“.

Ослободувањето на Ирак е важен напредок во глобалната војна против тероризмот. Како што кажа претседателот Буш, коалицијата “отстрани сојузник на Ал-Каида и запре финансиски извор на терористите:

„Едно е сигурно: ниту една терористичка мрежа нема да добие оружје за масовно уништување од ирачкиот режим, затоа што веќе не постои режимот на Садам Хусеин“, рече г-динот Буш.

Секој што ги поддржува терористите е исто толку одговорен колку и нив. Кампањата против ирачкиот режим на Садам Хусеин јасно покажа, како што рече претседателот Буш, дека “секој криминален режим кој е поврзан со терористички групи, и кој бара или поседува оружје за масовно уништување, претставува сериозна опасност за цивилизираниот свет, и ќе му се спротивставиме.“

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG