Линкови за пристапност

Во Хонг Конг се помалку заболени од САРС - 2003-05-05


Локалните медиуми денеска известуваат дека десетици земјоделци во кинеската провинција Жеџианг ги нападнале владините канцеларии, поради тоа што спалните соби биле претворени во карантин за инфицирани од САРС.

Жителите веќе неколку дена протестираa пред зградите, кога избија насилствата.

Шест лица од градот се наоѓаат во карантин, по враќањето од Пекинг, но никој од нив не покажал симптоми на САРС.

Епидемијата на САРС во Кина продолжува да се шири и покрај владините мерки за изолирањее на 1.600 лица. Денеска, на територијата на целата земја се пријавени уште 160 нови случаи на зарзеност и 9 смртни случаи. Од САРС во Кина се инфицирани 4.300 лица, а над 206 досега починаа како резултат на болеста.

Во Хонг Конг, каде што се регистрирани 1.637 случаи на САРС, денеска е соопштено дека 8 лица починале. Ова е втор ден по ред со пријавени помалку од 10 нови случаи на болеста. Досегашниот трагичен биланс изнесува 187 лица.

Раководителот на Хонг Конг, Танг Чи Ква денеска изрази надеж оти Светската здравствена органзиаицја ќе ја укине забраната за патување во Хонг Конг, доколку бројот на нови случаи продолжи да опаѓа.

“Задоволни сме што бројот на дневно пријавените случаи на САРС е намален на едноцифрена бројка. Во следните недели ќе започнеме сериозни разговори со Светската здравствена организација. Се надеваме дека ќе успееме да ја убедиме да го укине ограничувањето за патување“, изјави Танг.

Во март, Светската здравствена организација издаде предуредување да се избегнуваат патувањата во Хонг Конг, и во делови на Кина, Сингапур и Виетнам, кои се меѓу областите најмногу погодени со САРС. Како резултат на тоа, туристичката индустрија на Хонг Конг речиси е замрена.

Доцна синоќа, Светската здравствена организација објави резултати со кои се потврдува дека вирусот што предизвикува САРС би можел со часови, а во некои случаи и со денови да опстане во човечкиот измет. Со ова се поткрепува теоријата дека болеста меѓу жителите на станбениот комплекс Амој Гарденс се проширила преку контаминираниот систем на отпадни води. Светската здравствена организација вели дека истрагата за заразата во Амој Гарденс ќе влијае врз одлуката во однос на патувањата во Хонг Конг.

Во Сингапур, во изминативе неколку дена не се пријавени нови случаи на САРС, со што се зголемуваат надежите дека болеста е под контрола. Денеска, околу 2.000 продавачи се вратиле на пазарот на големо во Сингапур, по еднонеделниот карантин.

Во светот, од САРС се заразени најмалку 6.500 лица, од кои над 450 починаа.

XS
SM
MD
LG