Линкови за пристапност

30 загинати во торнадо - 2003-05-05


Торнада-убијци протатнеа низ федералните држави Канзас, Мисури, Тенеси и Арканзас, уништувајќи се пред себе.

Покрај загинатите, десетици луѓе беа повредени и останаа без покрив на главата заради силните ветрови, врнежите од дожд и град што оставија траги на уништување.

Спасувачите со кучиња ги пребаруваа купиштата од урнатини од складиштето за оружје на Националната гарда во градот Пирс во Мисури, каде што луѓето бегале барајќи засолниште од торнадото.

Покривот на складот се урнал во невремето.

Мајк Спенсер, портпарол на Црвениот крст во Пирс сити, за Гласот на Америка изјави дека силно бил погоден плоштадот, а многу куќи биле срамнети со земја.

“Многу од тие згради беа историски, и едноставно се урнаа. Сакам да речам дека не се затресле само прозорците или распукал малтерот на ѕидовите, туку плафоните паѓаа. Се уриваа зидовите од цигли. Од некои згради останаа само по две плочи што стоеја исправено, “изјави Спенсер.

Метеоролозите велат дека системите на бура што ги создале торнадата сега се движат источно и дека во текот на денешниот ден може да се очекува ново невреме.

XS
SM
MD
LG