Линкови за пристапност

Палестинска држава е приоритет на САД - 2003-05-05


Господинот Брнс на палестинскиот премиер Махмуд Абас му кажа дека претседателот Буш е определен да го види создавањето на палестинската држава според новиот меѓународен мировен план.

Господинот Брнс ова го кажа на средбата со господинот Абас во градот на Западниот брег Рамала, каде што разговараше за таканаречената мапа за мир.

Американскиот пратеник кажа дека претседателот Буш цврсто е решен да работи кон визијата за две држави во кои Ираел и Палестинците ќе живеат во мир.

По средбата господинот Брнс на новинарите им кажа дека за постигнување на таа цел Палестинците мора да се застанат на пат на тероризмот, а Израелците мора да запрат со ширењето на еврејските населби на Западниот брег и Појасот Газа.

“На палестинска страна тоа значи дека апсолутно нема замена, никаква замена за решителната борба против теророт и насилството. А од израелска страна, тоа исто така значи преземање практични чекори за олеснување на страдањето на Палестинците кои живеат под окупација, за стопирање на активноста на изградба на населбите и обновување на чувството на достоинство и надеж“, рече господинот Брнс.

Идејата е со напорите за медијаторство на господинот Брнс да се подготви патот за посета на американскиот државен секретар, Колин Пауел, на регионот подоцна месецов, кој исто така ќе има разговори со двете страни по мапата за мир.

Планот, кој беше објавен минатата недела, повикува на завршување на израелско-палестинскиот конфликт и за формирање на палестинска држава до 2005 година.

Мапата ја поддржуваат САД, ЕУ, Русија и ОН.

Господинот Брнс не се сретна со палестинскиот лидер Јасер Арафат, за кого претседателот Буш кажа дека треба да биде сменет од функцијата. Господинот Пауел исто така се очекува да го заобиколи господинот Арафат во посетата која претстои.

XS
SM
MD
LG