Линкови за пристапност

Изборот на Куба за членка на Комисијата на ОН за човекови права - 2003-05-02


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада

Довербата во Комисијата на ОН за човекови права на почетокот на годинава беше сериозно разнишана со изборот на Либија за претседавач со Комисијата. Либија е земја позната по прекршувањето на човековите права. Сега, нов скандал: Комунистичка Куба е избрана за член на оваа комисија. Портпаролот на Белата куќа, Ари Флејшер рече дека оваа одлука продолжува да ги илустрира очигледните отстапки на Комисијата за човекови права:

"Куба не заслужува место во Комисијата за човекови права. Куба треба да биде ставена под истрага од страна на Комисијата за човекови права. Тоа е несоодветен чекор што не е во полза на ситуацијата со човековите права во Куба, ниту во ОН".

Во изминативе недели, режимот на Фидел Кастро ја спроведе најлошата политичка репресија во изминативе децении. На бројни Кубанци им беа изречени казни затвор во траење до 28 години. Единствениот криминал што го сториле е тоа што отворено зборувале, дискутирале и барале алтернатива на 44 –те години репресија и страв. Режимот на Кастро исто така погуби тројца мажи за киднапирање на брод за да уживаат во слободата на САД. Овие застрашувачки дејства се случуваа во време кога заседаваше Комисијата. Американскиот државен секретар Колин Пауел побара од другите држави да ја повикаат Куба на одговорност:

"Долгогодишни казни затвор-од 12, 15, 20 години за слободно говорење и обид за практикување на основните човекови права. Ова уште еднаш ја илустрира природата на режимот на овој диктатор. Фидел Кастро ова го прави многу години. Се надевам дека целиот свет сега ќе види каков е овој режим: еден од последните од ваков вид на земјата, кој навистина отстапува од сите на Западната хемисфера“, рече г-динот Пауел.

Државниот секретар Пауел рече дека САД ќе ја ревидираат политиката кон Куба во светлината на тамошната ситуација со прекршувањето на човековите права. Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG