Линкови за пристапност

Стејт Департмент: помалку терористички напади во 2002 - 2003-04-30


Стејт департментот соопшти дека минатата година имало 199 терористички напади, што е за 44 проценти помалку од 2001 година, и што воедно претставува најмала бројка во изминатите 30 години. На средбата со новинарите, државниот секретар Колин Пауел изјави дека зголемената предострожност, меѓународната соработка и санкциите на ОН воведени по нападите на 11 септември, дефинитивно им го отежнале животот на терористичките групи:

“На терористите им е се потешко да се сокријат и да најдат засолниште, да се организираат и да изведуваат операции. Терористичките ќелии се растураат, се попречуваат теоористичките мрежи и се спречуваат нивните намери. Пресечени се финансиските крвотоци на терористичките организации“, изјави господинот Пауел.

Меѓу земјите наведени на списокот на Стејт Департментот кои спонзорираат тероризам, се наведува дека Иран бил најактивен. За Сирија, која господинот Пауел ќе ја посети ова недела, се вели дека и натаму е домаќин на седиштата на палестинските терористички групи, додека за Судан и Либија се напоменува дека покажале извесен напредок против тероризмот.

XS
SM
MD
LG