Линкови за пристапност

Најнови вести  30 април 2003 - 2003-04-30


Рамсфелд во Багдад

Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, кој го посети Багдад за прв пат откако американските трупи го симнаа од власт претседателот Садам хусеин, на народот во Багдад денес му кажа дека САД сакаат да му ја вратат на народот контролата врз државата. Во снимена порака за емитување на Ирачаните , господинот Рамсфелд кажа дека коалицијата е определена да направи транзиција од тиранија до слобода и самоуправување во Ирак. Неговата порака беше снимена во декорирана соба во една од палатите на Садам. Господинот Рамсфелд исто така мина некое време со армиските команданти и разговараше со американскиот генерал во пензија Цеј Гарнер кој е надлежен за реконструкцијата на Ирак. Господинот Рамсфелд подоцна се обрати на американските трупи во ирачкиот главен град велејќи дека тие ја спасиле нацијата, го ослободиле народот и го отстраниле суровиот диктатор. Но тој рече дека иако многу е постигнато, останува да се стори уште многу.

Демонстрации во Ирак

Американските трупи се обвинети дека пукале и убиле демонстранти во еден мал ирачки град, втор пат за последните три дена. Сведоците велат дека најмалку две лица се убиени и 14 други повредени во денешниот инцидент во градот Фалуџа , на околу 50 километри западно од Багдад. Во друг судир меѓу војници и демонстранти во истиот град во понеделникот загинале 13 лица. Денешниот инцидент се случил кога група која протестирала се собрала пред локалниот објект на американската команда како негодување заради понеделничкото пукање. Сведоци велат дека американските трупи отвориле оган на демонстрантите откако биле погодени со чевли и камења. Американските армиски офицери велат дека нивните луѓе одговориле на куршуми испукани од толпата. Фалуџа е град познат како упориште на соборениот ирачки лидер Садам Хусеин.

Израел-Палестинци

Првиот премиер на палестинската управа, Махмуд Абас, даде заклетва на функцијата само неколку часа по самоубиствениот бомбашки напад во кој Палестинец покрај себе си убил уште тројца Израелци и ранил десетина лица пред еден бар во Тел Авив. Денешниот напад ги потенцира тешкотиите со кои се соочува господинот Абас во запирањето на палестинските милитанти, што е клучен услов за постигнување на палестинска државност според таканречената мапа за мир на Блискиот исток. Господинот Абас ја даде заклетвата во седиштето на палестинскиот лидер Јасер Арафат во Рамала. Тој го осуди тероризмот и вети дека ќе застане на пат на ширењето на незаконско оружје. Но, палестинската милитантна група, како што се Исламскиот џихат и Хамас велат дека нема да го предадат оружјето и дека ќе продолжат со нападите против израелски цели.

Кина - САРС

Новиот градоначалник на Пекинг вели дека медицинските објекти на градот и нивниот персонал се ангажирани до крајни граници со ширењето на смртоносната болест слична на грип, САРС. Ванг Кишан на новинарите во Пекинг денес им кажа дека ситуацијата е толку лоша што болниците одредени за прифаќање на случаи на САРС немаат доволно кревети за пациентите да добијат соодветен третман. Градоначалникот Ванг исто така кажа дека градот влошува многу труд само за одржување на нормалните услужни дејности на своите жители. Во пекинг, бројот на умрените од САРС достигна 75, со девет нови смртни случаи пријавени денеска. Во цела Кина, од болеста умреле 159 лица.

Северна Кореја

Северна Кореjа по тридневните разговори со Јужна Кореjа уште еднаш ги обвини САД за обид да ја уништат комунистичката влада во Пјонгјанг. Во забелешките објавени во државните медиуми, севернокорејската влада кажа дека Вашингтон треба да се обвини за нуклеарната криза на полуостровот. Северна и Јужна Кореја по тридневни разговори денеска се согласија да соработуваат за наоѓање мирно решение за нуклеарната криза преку дијалог. Во севернокорејското официјално соопштение до медиумите стои дека непријателската американска политика го натерала Пјонгјанг да се определи за, како што се вели, неопходното одвраќање на сила. Некои набљудувачи таквото соопштение го толкуваат како скриена сугестија дека Северна Кореја има нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG