Линкови за пристапност

САД ја објавија мапата за мир на Блискиот Исток - 2003-04-30


Церемонијата на положување заклетва се одржа во канцеларијата на палестинскиот претседател Јасер Арафат во Рамалах. Тоа се случи само еден ден откако Махмуд Абас и неговата Влада од 24 члена официјално беа одобрени од страна на палестинските законодавци со 51 глас “за“, 18 против и три воздржани.

Само неколку часа по гласањето во парламентот, повторно избувна насилство во кое млад палестински самоубиец активираше експлозив пред едно популарно кафуле во Тел Авив. Милитантната група Хамас и Ал-Акса маченичките бригади, кои се поврзани со фракцијата Фатах на господата Арафат и Абас, ја презедоа одговорноста за нападот.

Тоа личи на јасно предупредување до господинот Абас да не се обидува да ги заузда милитантите, како и да ја истакне застрашувачката задача со која се соочува новиот премиер.

Господинот Абас го осуди насилството и вети дека ќе се ослободи од нелегалното оружје. Тој индицираше дека неговата Влада ќе се справи со милитантите. Некои групи, вклучувајќи ги Хамас и Исламскиот Џихад, најавија дека нема да се разоружаат и дека ќе продолжат со нападите врз Израел.

Американскиот амбасадор денеска на израелскиот премиер Ариел Шарон му го достави новиот мировен план за Блискиот Исток во неговата резиденција во Ерусалим. Дипломатите велат дека и палестинскиот премиер наскоро ќе добие копија од мировниот план. Овој план што го составија САД, ЕУ, ОН и Русија предвидува пристап чекор по чекор за ставање крај на насилството, враќање на преговарачка маса и востановување на независна палестинска држава до 2005 година.

XS
SM
MD
LG