Линкови за пристапност

Новата улога на НАТО - 2003-04-29


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада.

НАТО или Организацијата на северноатлантскиот договор беше формирана за одбрана на Западна Европа од заканата што ја претставуваше Советскиот сојуз. Но со крајот на Студената војна, НАТО се отвори за членство на земји од поранешниот советски блок. НАТО успешно спроведе мировнички мисии во Босна, Македонија и на Косово. Сега, како што рече државниот секретар Колин Пауел, НАТО презема нова задача:

„Во август, НАТО ќе го преземе раководењето на Меѓународните сили за помош во обезбедувањето во Кабул, во Авганистан. Пред десет години, кога се поставуваше прашањето каде оди НАТО, во смисла на тоа каква улога НАТО треба да има и кога се размислуваше за излегување на НАТО од областа, тогаш размислувавме за негово евентуално излегување од неговата непосредна област. Тогаш никој не можеше да замисли дека НАТО ќе појде преку половина свет, до Азија, и дека ќе изведува мировнички мисии на места како Авганистан".

Земјите-членки на НАТО поединечно веќе обезбедуваат најголем дел од трупите за обезбедување на Кабул. Официјалното преземање на одговорноста од страна на НАТО во главниот град на Авганистан ќе биде првата позначајна воена мисија надвор од Европа. Мисијата ќе оперира во Авганистан под мандатот на ОН.

Американскиот државен секретар Колин Пауел кажа дека „ваквата одлука на НАТО е знак за новата насока на Алијансата, со акцент на спротивставувањето на заканата од тероризам и оружје за масовно уништување, од каде и да доаѓаат."

Авганистан беше првото бојно поле во војната против глобалниот тероризам. Во Авганистан, екстремистичкиот режим на Талебан беше соборен од власт и беа затворени терористичките кампови за обука на Ал-Каида. Коалицијата предводена од САД им помогна на Авганистанците да ја ослободат својата земја. Сега, НАТО му помага на Авганистан да си обезбеди подобра иднина.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG