Досега, бројот на лицата инфицирани со САРС, во споредба с грипот, е релативно мал. Според извештаите на Светската здравствена организација, во светот се забележани околу 5.000 случаи на САРС, од кои 300 завршија со смрт. Здравствените експерти во моментов не можат со прецизност да предвидат во која насока ќе се шири ова вирусно заболување, и на кого, пред да биде пронајдена ефикасна терапија.
Во интервју за телевизиската мрежа Еј-Би-Си, раководителот на Американскиот Институт за алергиски и инфективни болести, Ентони Фаучи говореше за лекот против САРС:Едно од нештата што се прават кога станува збор за вирусите и сите други микроби, е проверка на веќе постоечките лекови. Значи, постојните лекови се применуваат на вирусот и се одредува дали тие би можеле да го блокираат вирусот, вели господинот фаучи.
Доколку постоечките лекови не успејат да го уништат вирусот, додава г-динот Фаучи, истражувачите ќе треба да создадат нови. Тој би можело да трае многу долго, вели д-р Фаучи, напоменувајќи дека создавањето на вакцина против САРС, би траело со години.
Така не мисли Џули Гербердинг, која раководи со Американскиот Центар за контрола и превенција од болести во Атланта, Џорџија. Во интервјуто за телевизијата Си-Би -Ес, таа кажа: Нашата стратегија сега е - `навистина макотрпно да работиме за да го изолираме вирусот, се додека не добиме подобри средства против него, како вакцина или терапија`. Но, ќе биде потребна најмалку една година, додека се добие каква и да е вакцина што ќе може да се примени врз луѓето.
Се додека не се пронајде терапија за САРС, здравствените работници велат дека најдобра превентивна стратегија е инфицираните лица да бидат во карантин.