Линкови за пристапност

Рамсфелд - Блиски Исток - 2003-04-28


Секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд пристигна во Абу Даби -една од станиците на неговата турнеја низ регионот, за да им заблагодари на американските сојузници за помошта во соборувањето на Садам Хусеин од власт во Ирак. Обединетите Арапски Емирати им дозволија на американските сили да ја користат нивната база во ал-Дафра за време на војната за полнење на гориво и за набљудувачки летови на авионите од типот У-2.

Деталите на патувањето главно се држат во тајност од безбедносни причини. Се очекува господинот Рамсфелд да разговара за американското воено присуство во регионот, сега кога американските сили ја имаат контрола врз Ирак. Воените аналитичари велат дека САД најверојатно ќе го намалат военото присуство што предизвика широкораспространето негодување во арапскиот свет.

Секретарот Рамсфелд вели дека планира да разговара за аранжманите на САД со нивните партнери во регионот, вклучувајќи го и Ирак. Секретарот кажа дека ќе ја нагласи промената од поголеми воени операции во Ирак кон операции за стабилизирање на земјата.

Американските воени сили во моментов ги користат објектите на Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Бахраин, Оман, Саудиска Арабија и Катар. Во Катар е лоцирана американската Централна армиска команда за регионот.

Првиот човек на американската одбрана планираше и посета на Авганистан, но бидејќи во Обединетите Арапски Емирати пристигна шест часа подоцна отколку што се очекуваше, таа посета треба да биде презакажана. До одложување дојде заради механички проблеми со полненење на гориво, заради што авионот беше задржан во Ирска. Секретарот Рамсфелд вели дека целта на посетата на Авганистан е формално да се објави на крајот на борбените операции и да се забрзува обновата на земјата.

XS
SM
MD
LG