Линкови за пристапност

Нови мерки во Пекинг против ширењето на САРС - 2003-04-25


Жителите на Пекинг велат дека само на малку автомобили им било дозволено да го напуштат градот, иако Владата истакнува дека градот не е отсечен од светот.

Цаи Фукао, портпарол на Комунистичката партија во Пекинг ги негира гласините дека се затворени улиците во градот и аеродромите.

Тој вели дека во градот не владее воена состојба и оти автопатите и аеродромот се отворени. Тој истакнува дека овие невистините гласини ги шират луѓето „со скриени намери“.

Во изминатите неколку дена, со ширењето на вирусот на САРС Пекинг беше преплавен со гласини дека градот е отсечен од светот. Жителите ги празнеа продавниците заради складирање на храна и лекови.

За да го смират стравот, г-динот Цаи и кинескиот заменик-министер за здравствео Гуо Џијонг на денешната прес-конференција во Пекинг изјавија дека соодветното снабдување со храна и лекови ќе продолжи. Тие ветија казна за оние што ги пуштиле шпекулациите и предизвикале цената на некои стоки да се зголеми за 30 и повеќе проценти.

Г-динот Цаи вели дека битката со болеста за се зачува безбедноста и здравјето на луѓето е приоритет на Владата.

Властите на Пекинг денеска ја затворија болницата Дитан, наводно поради тоа што САРС се шири меѓу пациентите и персоналот. Стотици работници и пациенти се затворени во објектот, што е втора болница неделава ставена под карантин.

Градот затвори неколку станбени згради, канцеларии, фабрики и хотели, каде се пронајдени случаи на САРС.Наредбата се однесува на околу 4.000 лица.

Кинеските власти стравуваат дека болеста би можела од Пекинг да се прошири во руралните области, кои немаат содветни објекти за здравствена заштита.

Во Шангај, експерти на Светската здравствена организација го одредуваат бројот на пријавените случаи во најголемиот кинески град. Досега, шангајските власти велат дека во градот има мал број случаи на САРС. Денеска, новинарите известуваат дека полицијата ги проверувала патниците кои со автомобили доаѓале во Шангај, дали имаат симптоми на САРС.

Кина соопшти дека се регистрирани над 2.600 случаи на САРС и најмалку 115 смртни случаи. Само во Пекинг бројот на случаи на САРС изнесува 900. Во другите делови на светот, со болеста се заразени над 4.000 лица, а досега починале 250.

XS
SM
MD
LG