Линкови за пристапност

Затворена една од болниците во Пекинг во која се третираат жртви на САРС - 2003-04-24


Никому не е дозволено да излезе или да влезе во Народната болница на Универзитетот во Пекинг откако властите денеска наредија објектот да биде затворен заради дезинфекција. Вработените во болницата велат дека запечатувањето е поврзано со Тешкиот акутен респираторен синдром, но не сакаат да дадат други деталји.

Во болницата има околу 2.200 вработени, а има вкупно 1.500 болнички кревети, со што претставува еден од најголемите здравствени центри во Пекинг. Во овој град досега од САРС починаа 35 лица, а околу 700 се заболени.

Доцна синоќа, владата во Пекинг соопшти дека ќе ги стави во карантин оние што биле изложени на САРС и ќе го забрани пристапот до зградите што можеби се контаминирани.

Кина, од каде што се смета дека потекнува болеста, е најмногу погодена со тоа што од вирусот досега починаа 106 лица, а 2.300 се заразени.

Овие официјални бројки на заразени со САРС во Кина драматично се зголемија откако Владата во неделата усвои политика на отворено објавување.

Од САРС, во светот досега почина 261 лице, а заразени се околу 5.000 во 25 држави ширум светот.

XS
SM
MD
LG