Линкови за пристапност

На Ирак му е потребна слобода на вероисповеста - 2003-04-22


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:

Десетици илјади Муслимани Шиити се собраа на петочна молитва на 18 април пред џамијата во Багдад, кој порано беше нарекуван “Градот Садам“. Ова беше прв пат по 1998 година до кога на ирачките Муслимани Шиити им беше дозволено да се молат пред џамијата.

Оваа недела, дури и на многу повеќе Шиити им беше дозволено да се соберат во ирачкиот град Карбала. Тие се собраа во знак на сеќавање на Имамот Хусеин, внук на пророкот Мухамед. Ова е еден од најсветите празници во календарот на Муслиманите Шиити. Но со години, режимот на Садам Хусеин им забрануваше на Шиитите да одат на аџилак во Карбала.

Уште полошо, Садам Хусеин ги прогонуваше Муслиманите Шиити и другите верници во Ирак. Неговиот режим ги убиваше шиитските свештеници, ги уништуваше шиитските џамии и свети места и се мешаше во шиитското верско образование. Има извештаи дека силите на Садам Хусеин убиле многу Асирци и Чалдеански христијани во северен Ирак. А малкумината Евреи кои се уште не биле истерани од Ирак, биле принудени да живеат во клима на анти-семитизам промовиран од режимот.

Сега кога Ирак го ослободи коалицијата предводена од САД, Ирачаните се слободни да ја практикуваат нивната вера по нивни избор. Но Ирачаните ќе треба да преземат чекори за да обезбедат тоа и натаму да се случува. Како што кажа свештеникот на Шиитите од Насирија, шеикот Ајад Џамал ал-Дин, за тоа ќе биде потребен “систем на владеење со кој ќе се одвои религијата од политиката“.

Ирачаните веќе започнаа серија состаноци за да расправаат за новата влада во земјата. Целта , вели претседателот Џорџ Буш, е слободен Ирак во кој се почитуваат основните права:

„Слободните општества не негуваат огорченост, или идеологии на терор и убиства. Слободните општества се засноваат на верување дека сечиј живот има еднаква вредност“.

Едно е јасно: Сеедно како ќе се обликува новата ирачка влада, нејзина суштинска компонента ќе биде слобода на вероисповеста.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG