Линкови за пристапност

Британскиот премиер Блер бара од Јасер Арафат да дозволи што е можно побрзо формирање на палестински кабинет - 2003-04-22


Палестински претставници велат дека господинот Блер му телефонирал на господинот Арафат и притоа го поттикнал да дозволи господинот Абас да формира нов кабинет до среда, кога истекува законскиот рок. Од Канцеларијата на британскиот премиер е потврдено дека господинот Блер и господинот Арафат разговарале по телефон, но не се откриваат други детали.

Интервенцијата на господинот Блер доаѓа среде се повидливите знаци дека господинот Арафат нема да ја прифати листата на кандидатите за министерски места што ја подготви господинот Абас. Тоа ќе го принуди господинот Абас да ја напушти функцијата и тогаш господинот Арафат ќе треба да најде негова замена за првата палестинска премиерска функција.

Господинот Абас се залага поранешниот шеф на обезбедувањето на Газа, Мохамад Далан, да врши надзор на чувствителната задача за повторно воспоставување на редот и законот на Западниот Брег и во појасот Газа. Но, господинот Арафат не се согласува со неговото назначување како и на секакво разоружување на палестинските фракции.

На проблемот му се придава меѓународно значење со оглед на изјавата на претседателот Буш дека американската администрација ќе објави таканаречена мапа на мирот откако ќе биде објавен составот на новиот палестински кабинет.

XS
SM
MD
LG