Линкови за пристапност

Генералот Гарнер пристигна во Багдад - 2003-04-21


Пензионираниот генерал Џеј Гарнер утринава од Кувајт пристигна во Багдад, заедно со група од 20-тина најблиски соработници, меѓу кои и неговиот заменик, Британецот Тим Крос.

Портпаролот на Петтиот корпус на американската армија, мајор Вилијам Трмонд најавува дека генералот Гарнер и неговите помошници во следните неколуку дена ќе посетат различни комплекси во главниот град и низ Ирак, воопшто.

“Тој ќе посети болници, потоа некои од локалните полициски станици овде во Багдад. Исто така ќе посети енергетски и водоснабдувачки објекти во Багдад. Потоа ќе замине во неколку други градови. Не можам да зборувам за деталите од безбедносни причини“, изјави Трмонд.

Претседателот Буш неодамна го назначи генералот Гарнер да раководи со Американската армиска канцеларија за обнова и хуманитарна помош. Оваа нова агенција доби мандат од Вашингтон да ја организира повоената администрација во Ирак, да ја ревотализира економијата и да подготвеи терен за подоцнежна влада што ќе ја формираат Ирачаните. Генералот Гарнер изјави дека наидува на многу пречки, меѓу кои големата сиромаштија, етничките и религиозните ривалства и противењето на долгорочно американско воено присуство во Ирак.

Генералот вели дека не знае колку долго ќе биде потребно да се обнови земјата, на начин прифатлив за ирачкиот народ. Но, тој подвлекува дека САД и коалиционите сојузници нема да ја напуштат земјата се додека Ирачаните не одржат демократски избори и не изберат нов лидер.

Генералот Гарнер, и неговиот персонал што вкупно брои над 400 воени офицери и цивили, се подготвуваа за оваа мисија во соседен Кувајт, уште додека траеа воените дејствија. Се очекува следнава недела тие да го преместат своето седиште во Багдад.

Во тимот на генералот се наоѓаат и претставници од американскиот Стејт Департмент и Одделот за трговија, како и пензионирани генерали на американската војска. Исто така, регрутирани се и над 20 судии и правници кои треба да помогнат во обвновата на ирачкиот правосуден систем.

XS
SM
MD
LG