Линкови за пристапност

Апсењето на Абу Абас - 2003-04-18


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада

Како што вели генералот Винс Брукс, коалицијата под американско раководство ги прекинува ирачките терористичи врски:

„Вечерта, на 14-ти април, 2003-та година, специјалните единици на коалицијата при операцијата во јужен Багдад го уапсија палестинскиот терорист Мохамед Абас, познат како Абу Абас. Абас беше честопати опишуван како генерален секретар на Палестинскиот ослободителен фронт и главен планирач на киднапирањето на бродот Акиле Лауро во 1985-та година“.

Абу Абас претходно беше член на терористичката група на Џорџ Хабаш, Народен фронт за ослободување на Палестина, а подоцна и се приклучил на терористичката група поддржувана од Сирија, Народен фронт за ослободување на Палестина – генералната команда. Во 1976-та година, тој неуспешно се обидел да ја преземе групата од Ахмад Џибрил. Во 1977-та, со поддршка од Ирак, Абас основал одвоена група, Палестински ослободителен фронт, а во 1983 тој од Сирија се преселил во Тунис.

Абу Абас организираше терористички напади против Израел и киднапирања на мировни групи на ОН во Либан. Во октомври 1985-та година, терористите од Палестинскиот ослободителен фронт го киднапираа италијанскиот брод за крстарење, Акиле Лауро. Тие во заложништво го држеа екипажот и патниците и го убија 69-годишниот Американец со еврејско потекло, леон Клингхофер. Абас и четворицата киднапери подоцна беа фатени од страна на американските сили и им беа предадени на италијанските власти. На киднаперите им беше одредена казна затвор, но на Абас му беше дозволено да ја напушти Италија. Тој подоцна беше осуден во отсуство на доживотна казна затвор.

Абу Абас најде прибежиште кај режимот на Садам Хусеин во Ирак. Неговото апсење од страна на коалиционите сили е уште еден доказ дека режимот на Хусеин го поддржувал меѓународниот тероризам. Ќерката на Леон Клингхофер, Лиза вели дека апсењето на Абас докажува и уште нешто:

„На некој начин, испраќа порака дека не е битно колку години поминале, кога си терорист, не постои место каде можеш да избегаш или сокриеш“

Ослободувањето на Ирак е важна победа во борбата против тероризмот.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG