Линкови за пристапност

Пентагон вели дека некои од најбараните ирачки лидери се кријат во Сирија - 2003-04-17


Претставници на американската одбрана велат дека некои од ирачките функционери кои се наоѓаат на листата на 55-мината најбарани од страна на американската војска, се наоѓаат во Сирија.

Тие не посочуваат кој точно побарал засолниште таму, но на новинарите им индицираа дека меѓу бегалците не се наоѓаат соборениот ирачки лидер Садам Хусеин, ниту пак неговите синови.

Ваквите забелешки уследија откако началникот на Американскиот здружен генералштаб, генералот Ричард Маерс ја предупреди Сирија да престане да ги заштитува ирачките бегалци.

„Знаеме дека Сирија заштитува некои високи претставници на раководството, или барем нивни семејства, знаеме дека веројатно тоа се некои од повисоките по ранг членови“, истакна генералот Маерс.

Тој вели дека ваквото однесување од страна Сирија мора да престане. Но, одговарајќи на новинарско прашање, тој подвлече дека е премногу рано да се зборува за воена акција против Сирија.

XS
SM
MD
LG