Линкови за пристапност

Пауел најавува посета на Сирија - 2003-04-17


Господинот Пауел не прецизираше кога би го посетил Дамаск, но за Асошиетед Прес изјави дека тоа би го сторил за да ја продолжи, како што вели самиот, мошне енергичната дипломатска размена со сириските власти, околу наводната вмешаност на Сирија во војната во Ирак.

„На Сиријците отворено им ставивме на знаење дека не би било од нивен интерес да ги прибираат луѓето кои се обидуваат да го напуштат Ирак или други места во светот, и да најдат прибежиште во нивната земја“, вели секретарот Пауел.

Официјални лица од Стејт департемнтот велат дека освен Сирија, господинот Пауел ќе посети и други земји од Блискиот Исток за да го пласира четирипартитниот меѓународен план за решавање на израелско-палестинскиот конфликт, откако Махмуд Абас е назначен за нов палестински премиер. Секретарот Пауел вети многу поактивен, американски ангажман по ова прашање откако Палестинската управа ќе добие, како што кажа, трансформирано раководство.

XS
SM
MD
LG