Линкови за пристапност

САД претпазливи околу преговорите со северна Кореја - 2003-04-17


Трипартитните разговори со посредство на Кина претставуваат компромис меѓу предлогот на САД за регионални разговори и предлогот на Северна Кореја за билатерално преговарање Пјонгјанг-Вашингтон. Стејт Департментот, состанокот во Пекинг го опишува само како, цитираме "прелиминарен чекор" кон процесот на пошироки разговори, во кои, како што вели портпаролот Филип Рикер евентуално би биле вклучени владите во Сеул и Токио:

“Сметаме дека очигледното вклучување на Република Кореја и Јапонија на почетокот на разговорите ќе биде суштинско за постигнување на значајните резултати што ги очекуваме. Значи, ова ќе биде почеток“, заклучи портпаролот на Стејт Департментот.

Г-динот Рикер рече дека целта на САД во разговорите е цитираме „потврдено и конечно“ прекинување на програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја. Тој додаде дека доколку Северна Кореја „целосно одговори“ на меѓународната загриженост во однос на нуклеарното прашање, администрацијата на Буш останува подготвена да ја разгледа можноста за поинаков пристап, изразен преку зголемување на помошта и зајакнување на политичките врски со изолираната власт во Пјонгјанг.

XS
SM
MD
LG