Господинот Пауел, на средба со странски новинари во Вашингтон, ги повтори обвинувањата дека Сирија можеби им овозможува засолниште на поранешни припадници на ирачката влада, но исто така кажа дека САД се загрижени за исто таквата политика на Иран. На прашања од новинарите тој на брифингот ја отфрли идејата дека администрацијата на Буш има план за ширење на американските вредности на Блискиот Исток и насекаде под закана на употреба на сила.
„Не постои таква листа. Нема никаков воен план во овој момент да се нападне некој друг, дали со цел да се смени раководството или за наметнување на демократски вредности. Демократските вредности треба да произлезат од внатре во општеството и од државата“, рече г-динот Пауел.
Државниот секретар кажа дека САД директно и јасно кажаа дека се загрижени што Сирија можеби засолнува Ирачани осомничени за сторители на кривични дела. Тој кажа дека се надева оти Сирија сфаќа дека сега е ново време во регионот по крајот на режимот на Садам Хусеин и дека ќе ги преиспита своите политички ставови.