Линкови за пристапност

Сирија има можност да избира - 2003-04-15


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада

Многу држави беа од голема помош на коалицијата предводена од САД во војната за разоружување на режимот на Садам Хусеин и ослободување на ирачкиот народ. Но некои држави го правеа токму спротивното.

Една од нив е Сирија. Веднаш штом започна војната, дојде извештај дека воена опрема од Сирија била испратена во Ирак. Сега, кажа портпаролот на Стејт департмент Ричард Баучер, има извештаи дека претставници на режимот на Садам Хусеин од Ирак се засолнуваат во Сирија:

"Ние повеќе пати и предочивме на Владата на Сирија дека сме загрижени што дозволува во земјата да влезат високи претставници на ирачкиот режим, како и да не дозволува транзит на материјали за тој режим, за остатокот од тој режим што умира".

Заради тоа што ова влијае на мирот и стабилноста, државниот секретар Колин Пауел кажа дека Сирија треба да избере:

"Во светлина на новата ситуација, ние веруваме дека тие треба да ги преиспитаат своите постапки и однесување, не само во однос на тоа кој наоѓа засолниште во Сирија и во однос на оружјето за масовно уништување, туку особено да се преиспита поддршката на терористички активности".

Сега е нова ситуација на Блискиот исток, кажа господинот Пауел, "и ние се надеваме дека сите држави во регионот ќе ја преиспитаат својата досегашна пракса и однесување". Како што рече секретарот Пауел, "Ова е време сите нации да сватат дека тероризмот е закана за сите и дека сите мора да сториме се што е можно тероризмот да запре и да сториме нешто за неширење на оружјето за масовно уништување".

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG