Линкови за пристапност

Буш: Ирак ќе биде пример на реформа и напредок за целиот Блиски исток - 2003-04-15


Претседателот Буш вели дека воената победа во Ирак е сигурна, иако се уште не е целосна.

„Централизираната власт на диктаторот заврши. Сепак, во делови на Ирак има преостанато нејзини очајни и опасни елементи. Силите на нашата коалиција ќе се ангажираат со нив додека тие не се предадат или бидат уништени“,порача американскиот претседател.

Г-динит Буш вели дека коалиционите сили ја започнуваат, како што рече тешката работа на помагање на Ирачаните да изградат слободна и стабилна држава. Тој рече дека тоа подразбира обновување на снабдувањето со струја и на основните услужни дејности, уништување на оружјето за масовно уништување и распределување храна, вода и лекови.

Господинот Буш смета дека ќе треба време и многу труд да се воспостави праведна и претставничка влада во Ирак која ќе ги почитува човековите права и принципот на владеење на правото. Кога тоа ќе се стори, претседателот е уверен оти Ирак ќе биде пример на реформа и напредок за целиот Блиски исток.

XS
SM
MD
LG