Линкови за пристапност

Утврдена генетската структура на вирусот што предизвикува САРС - 2003-04-15


Истражувачите во Ванкувер, Канада, кои работеа нон-стоп на испитувањето на САРС ја објавија комплетната генетска структура на вирусот.

Неколку центри работат на откривање на генетскиот код, или структура на вирусот кај неколку пациенти. Екипата од американскиот Центар за контрола на болести и превенција малку подоцна од Канаѓаните, објави речиси еднаков резултат. Во телеконференцијата со новинарите, директорот на овој Центар, Џули Гербердинг кажа дека тоа е голем чекор, но не и последен.

„Одредувањето на вирусот е големо научно достигнување и фактот дека беше направено многу брзо и со толкава соработка е без преседан во историјата на науката. Но тоа не е магично стапче за решавање на состојбата со САРС. Треба уште многу да работиме за да го откриеме лекот и останува уште многу пат за да стигнеме до ефикасна вакцина“, кажа тој.

Др.Гербердинг вели дека структурата ќе им помогне на новинарите да направат тестови кои се поверодостојни и побрзи од оние што сега се користат. Таа кажа дека податоците за ДНК ќе помогнат во обидите да се создаде вакцина, но дотогаш има најмалку уште една година.

Генетските податоци потврдуваат дека вирусот е нов вид на коронавирус, кој често е причинител за обична настинка кај луѓето и дијареја кај животните. Но новите информации се уште не им покажуваат на научниците од каде потекнува вирусот. Др. Лери Андерсон од Центарот за контрола и превенција на болести вели дека вирусот не наликува на ниту еден друг познат коронавирус од глувци, свињи или кај други животни.

„Овој вирус е oд сосема посебна група, поврзан делумно со семејството на коронавируси, но различен од сите други коронавируси, како кај животните, така и кај два вида вируси кај човекот“,истакнува д-р Андерсон.

Истражувачите велат дека овој вид на вирус има тенденција да мутира со време, станувајќи повеќе или помалку опасен. Но, во одговорот на новинарско прашање, др.Гербердинг кажа дека фатот што некои луѓе се подложни на САРС, а некои не, не значи дека вирусот мутира.

„Не постои заразна болест што ми е мене позната, а која нема варијабилна клиничка слика, од оние асимптоматични, или лесни болести, до некои многу сериозни болести“, рече тој.

Др.Гербердинг вели дека се уште не е јасно дали луѓето кои изгледа дека ја шират болеста повеќе отколку други, се позаразни, или пак само имале повеќе контакти со други луѓе откако веќе биле заболени, за разлика од оние кои брзо биле ставени во карантин.

XS
SM
MD
LG