Линкови за пристапност

Најнови вести - 14 април 2003 - 2003-04-14


Ирак-воени операции

Висок функционер на Пентагон изјави дека е уверен оти главните борбени операции во Ирак завршиле.

Генерал-мајорот Стенли МекКристал кажа дека ирачките сили веќе не претставуваат цврста одбрана и вели дека американските сили веројатно ќе наидуваат на помали, но жестоки борби. Генералот исто така потврди дека два американски бродови носачи на авиони ќе го напуштат Персисикиот залив до крајот на неделава и ќе се вратат во домашните пристаништа. Американските сили ја преземааа контролата врз родниот град на Садам Хусеин, Тикрит, и во моментов се справуваат со спорадичниот отпор што го пружаат силите лојални на Садам Хусеин. Генералот Мек Кристал кажа дека продолжуваат борбите во западниот ирачки град Ал-Каим, но дека владата на Садам веќе не го контролира овој град во близина на границата со Иран.

Ирак-Сирија

Американскиот државен секретар Колин Пауел вели дека САД ја разгледуваат можноста од водедување економски и дипломатски санкции против Сирија, заради наводната вмешаност во војната во Ирак.

Г-динот Пауел ова го изјави денеска во Вашингтон, во време на зголем притисок врз Дамаск од страна на САД и Британија, да се огласи на обвининијата дека им обезбедува прибежиште на ирачките лидери и дека поседува оружје за масовно уништување. Претставници на американската армија исто така велат дека повеќето од странските државјани кои учествувале во војната во Ирак, биле од Сирија. Во Лондон, британскиот премиер Тони Блер кажа дека Сирија ветила оти ќе го запре преминувањето на Ирачаните на сириска територија. И покрај демантот на Сирија, Вашингтон инсистира дека оваа земја му обезбедува прибежиште на ирачкото раководство и дека поседува хемиско оружје.

Ирак-воспоставување ред

Ирачката полиција и американските трупи заедно партолираат низ улиците на Багдад за да се врати редот и мирот по деновите на хаос.

Стотици ирачки полицајци денеска се вратија на работа во главниот град по повикот на коалицијата за локална помош во одржување на мирот. Багдад полека се враќа во нормален тек. Во јужен Ирак британските сили и локалното население во Басра работат на обновување на редот во вториот по големина град во земјата.

Ирак-конференција

Американскиот дражвен секретар Колин Пауел изјави дека утрешниот состанок на кој ќе се разговара за привремената влада во Ирак, е добар почеток, но ќе биде прв од многуте такви средби.

Г-динот Пауел изјави дека верува оти поранешната ирачка опозиција и групите на отпор кои не беа поканети во Насирија, ја разбираат потребата за скромен почеток за изградба на ирачка влада. Тој кажа и дека со дискусиите ќе раководи личниот претставник на претседатлот Буш, Залај Калилзад. Лидерот на ирачкиот национален Конгрес, Ахмед Чалаби изјави дека нема да присуствува на состанокот, но ќе испрати свој претставник. И покрај шпекулациите дека г-динот Чалаби ќе биде следниот ирачки лидер, тој демантира дека не е кандидат за ниту една владина позиција.

Иран-ирачки лидери

Иран вели дека ќе го уапси и ќе го изведе пред суд секој член на поранешното ирачко раководство кој ќе се обиде да влезе на иранска територија.

Портпарол на Министерството за надворешни работи во Техеран кажа дека ирачки лидери кои ќе се обидат да влезат во Иран ќе бидат судени за кривични дела сторени против иранскиот народ. Тој исто така рече дека иранската гарда внимателно ќе ја набљудува западната граница со Ирак. Портпаролот не кажа дали Иран ќе ги предаде претставниците на поранешниот ирачки режим на американските и британските сили во Ирак.

Вирус-САРС

Кинескиот претседател вели дека е мошне загрижен поради смртоносниот вирус САРС што наводно потекнува од Кина и оттаму се проширил во другите земји.

Претседателот Хју Џинтао денеска даде изјава за новинарите за време на посетата на здравствените објекти во јужната провинција Гуангдонг. Според новинската агенција Ксинхуа, господинот Џинтао изјавил оти официјалните лица треба да сторат се што е во нивна можност за да го спречат ширењето на Тешкиот акутен респираторен синром што ги однесе животите на најмалку 64 лица во Кина. Во Хонг Конг денеска се пријавени уште седум смртни случаи од оваа болест.

Северна Кореја

Јужнокорејските медиуми велат дека Владата на САД им предала таканаречена мапа за тоа како да се реши севернокорејската криза.

Иако претставници на Сеул одбиваат да дадат детали, новинската агенција Јонхап вели дека една од идеите е да се понуди помош во енергија за Северна Кореа во замена за замрзнување на нуклеарниот развој на Пјонгјанг. Јужна Кореа исто така се вели дека се залага за дијалог во кој ќе учествуваат шест држави, вклучувајќи ги Кина, Јапонија, Русија и САД. Јужнокорејскиот претседател Ро Му-Хјун вели дека Северна Кореа се чини дека е подготвена да го реши проблемот со мултилатерални разговори. Северна Кореа објави дека ќе прифати секаква форма на дијалог со САД, доколку Вашингтон го промени односот кон оваа комунистичка земја.

XS
SM
MD
LG