Линкови за пристапност

Пауел најави можност САД да преземат казнени мерки против Сирија - 2003-04-14


Владата на Буш не ја крие загриженоста дека Сирија материјално го помагала Ирак дури и кога започнала војната, а сега можно е да засолнува високи членови на поранешниот режим. Секретарот Пауел го зголемува притисокот врз Дамаск, велејќи дека САД ќе разгледаат дипломатски, економски и други мерки против Сирија,доколку не соработува.

Во разговорот со новинарите по средбата со кувајтскиот министер за надворешни работи, господинот Пауел кажа дека се надева оти Сирија ќе “ги сфати своите обврски“ во “новата ситуација во регионот“.

„Сметаме дека во светлината на новото опкружување, тие би требало да ги разгледаат нивните активности и однесување, не само во однос на оние што добиле засолниште во Сирија, туку и за оружјето за масовно уништување, а особено за поддршката на терористички активности“,рече американскиот државен секретар.

Господинот Пауел сириско-ирачката граница ја нарече “прилично порозна“ и кажа дека доколку ја преминале високи фигури на поранешната ирачка влада, сириските власти треба да сторат се што можат тие да бидат уапсени.

XS
SM
MD
LG