Линкови за пристапност

Претседателот Буш во име на нацијата им оддаде признание и благодарност на американските сили во странство - 2003-04-14


Претседателот Буш истакнува дека трупите имаат голема задача пред себе, а американскиот народ има причина да се гордее со нив.

„На нашите сили им беше дадена јасна мисија, да стават крај на режимот што со своето оружје за масовно уништување претставуваше закана за соседите и за светот, и да го ослободат народот кој долги години страдаше“, истакна г-динот Буш.

Во пораката емитувана ширум светот на мрежата на американските вооружени сили, претседателот им се заблагодари на трупите и на нивните семејства за пожртвуваноста. Тој кажа дека тие ја имаат силната поддршка од Америка.

„Ќе ви ги дадеме потребните алатки и обука за да ја добиете битката во името на нашата нација. И ќе го одржиме нашето ветување за подобрување на условите за живеење на вашите воени семејства“, рече тој.

Г-динот Буш утре ќе го потпише законот што неодамна го усвои Конгресот со кој се одобруваат милијарди долари за итно финансирање на војната во Ирак.

XS
SM
MD
LG