Линкови за пристапност

Американскиот претседател тврди дека Сирија поседува хемиско оружје-сирискиот амбасадор негира и нуди соработка - 2003-04-14


Господинот Буш зборуваше со новинарите веднаш по враќањето од претседателското одморалиште Кемп Дејвид. Првото прашање се однесуваше на Сирија и загриженоста дека оваа земја може да стане прибежиште за ирачкото раководство во бегство. На прашањето за можна воена акција врз Дамаск, претседателот го пренасочи одговорот на потребата потребата од соработка со Сирија.

„Сириската Влада треба да соработува со САД и нашите коалициони партери, а не да обезбедува засолниште за припадници на партијата Баат, за воени претставници или такви кои треба да одговараат за делата што ги сториле“, рече американскиот претседател.

Господинот Буш тврди дека Сирија поседува хемиско оружје, обвининие кое претходно го имаат изречено и претставници на американското разузнавање. Имад Мустафа, сириски заменик амбасадор во САД, во интервјуто за телевизијата Ен-Би-Си ги демантираше овие обвининија. Тој кажа дека неговата змеја ќе ги отвори вратите на инспекторите за оружје и дека сака тие да бидат присутни низ целиот Блиски Исток.

„Сирија не само што ги прифаќа инспекторите, туку им посакува добредојде, тоа е нашата желба. Ве молам помогнете ни да го ослободиме овој регион од сето оружје за масовно уништување“, рече г-динот Мустафа.

Сирискиот дипломат ги повика американските трупи да вршат мониторинг на ирачко-сириската граница. Претседателот Буш, не одговорајќи на ова барање, рече дека безбедносната ситуација во Ирак се подобрува. Г-динот Буш кажа дека Садам Хусеин создал услови за хаос владеејќи со страв, и иако ќе биде потребно време, рече американскиот претседател, ирачкиот народ ќе се здобие со стабилност.

XS
SM
MD
LG