Линкови за пристапност

Рамсфелд: Една од следните цели на коалиционите сили е откривање на ирачкото оружје за масовно уништување - 2003-04-14


Говорејќи на емисијата "Face the Nation," на Си-Би-Ес, господинот Рамсфелд изјави дека коалиционите сили ќе мора да ги откријат вистинските луѓе, како што ги нарече, кои ќе ги одведат до оружјето за масовно уништување.

„Инспекторите не го пронајдоа и сигурно и ние нема да го најдеме. Тоа не е како потрага по изгубено богатство кога се оди наоколу и се копа за да се види да не има некој тунел некаде. Мора да се најдат луѓето кои ги копале тунелите, луѓето кои работеле на тие операции“,рече американскиот секретар за одбрана.

Г-динот Рамсфелд кажа дека американските трупи активно бараат Ирачани кои сакаат да помогнат.

„Користиме награди. Употребуваме морков и стап, обете. И наоѓаме многу луѓе кои почнуваат да соработуваат со нас, што е добро“,рече тој.

Генералот Томи Френкс, кој командува со американските трупи во Ирак, вели дека апсолутно е уверен оти има оружје за масовно уништување во земјата. Тој вели дека единствено не се знае кога ќе биде пронајдено.

„Дали на крајот, ќе го најдеме на една од две-три илјади локации за кои веќе знаеме, или ако еден или двајца од контактираните лица ќе ни кажат дека можеби `има уште едно место`, и таму ќе го најдеме, ќе видиме“, кажа г-динот Френкс.

Главниот советник за наука на режимот на Садам Хусеин во саботата им се предаде на американските трупи во Багдад. Тој е првиот од 55-те припадници на ирачката Влада по кои има потерница. Ирачкиот советник, кој често контактирал со инспекторите за оружје на ОН, кажа дека земјата завршила со својата нуклеарна програма во 1991 година.

Секретарот Рамсфелд изрази сомневање. Поранешните ирачки лидери тој ги нарече “итри лажговци“ и посочи дека советникот за наука само го кажува истото што и Багдад веќе подолго време.

XS
SM
MD
LG